Сите добро знаат дека сопственикот на Вирџин важи за помалку налудничав и за прилично хазардерски расположен бизнисмен кој често инвестира пари на тотални глупости. Лично, ексцентричниот Бренсон неодамна го промовираше ултра модерниот филтер на вода, наменет за богаташи кои се нафурани дека треба да пијат совршено филтриранa вода. Дилемата е зошто за овој уред да дадат цели 600 долари кога можат да си купат флаширана вода од било кој маркет, останува неразјаснета? Сепак, имајте во предвид дека е престиж да се има ваков модерен геџет со логото на Вирџин на него.

На продажба се два модели, изработени од компанијата Strauss Group, кои тројно ја прочистуваат водата, па дури и поминува низ УВ филтер. Звучи доволно убедливо дека за дадените пари ќе уживате во перфектно чиста чаша вода, нели?


www.virgin-pure.com