Хедонист по природа. Како што самиот вели уживател. Омилена национална куjна му е месарската, не само поради тоа што сака храна богата со протеини, туку и поради тоа што со месо одлично оди добра ракија. Негов најголем порок е кинеската храна која просто ја обожава. За идеалниот рецепт за романтична вечера вели “многу ми е долг рецептот мој… Но не е до рецептот, туку до моментот. Вчера напраив една романтична вечер со хамбургер на пример… и падна и солза и гушкање

Најдобро знае да зготви сарма, која за него е повкусна ако е направена со крадени зелки од комшијата. Ако случајно сакате да го однесете на ручек, нарачајте му било што, затоа што не еден од оние кои имаат сериозни предрасуди кон храна која изгледа чудно. Какви комбинации направив сега додека бев на строг режим, да се наежи човек. Но пак кажувам, туна + мед не е благо + солено, туку 25 грама протеин + 21 грама јаглехидрати.

Најоткаченото нешто што досега го пробал е индијанска кујна во периодот кога бил во Америка. “Имаа едно луто пилешко (иако нит пиле видов нит мевце во тоа чорбата). Неверојатно луто, али вкусно упм… јадеш, плачеш и уште бараш

За дилемата дали домашната кујна или ресторан, ќе рече дека туѓата е најдобра, бидејќи е најевтина. “Мислам дека сум ресторански човек. Иако не би мењал јувки кај баба ми, ракчиња кај мајка ми или проја од љубовта моја, сепак ресторан си е ресторан. Не за друго, трошиш салфетки и не ти е гајле колку!

Омилена пијачка му е јогурт со 0.1% масленост и млеко 0.5%, а омилен ресторан 7ца. “Ми праат како што ќе им кажам… а им барам да не е мрсно, попечено, без лук, без сол, не го зачинувајте, повеќе салфетки, една ладна вода… и секогаш се спремни. Топ се дечките!”

Мени

Ова го јадам последниве 12 недели. Напорно вежбање наложува стриктен начин на искрана. Дневна цел ми е да внесам околу 200г протеин, од 100-200г јаглехидрати и што помалку маснотии.

Доручек….
7 варени белки од јајца
1 варено јајце
50г овесни снегулки
50г ориз
1 капсула ОМЕГА 3 масти

Меѓуоброк 1
150г варено пилешко
70г интегрални шпагети
50г пармезан

Меѓуоброк 2
150г варено пилешко
70г благ компир (го викаат Yams и има вкус на тиква)
250г патлиџан
70-100г зелена пиперка

Ручек….
300г риба
100г интегрален ориз (и ретко соја сос за да не се удавам)

Меѓуоброк 3 (Обично е после вежбање)
2 протеински шејкови во вода (содржат околу 50г протеин)
1 лажица микс (мед, ореви, бадеми, лешници, лимон и полен)

Вечера
150г варено пилешко
100г брокули

Пред спиење
1 протеински шејк во топло млеко и некој бадем или лешник уз филмче или серија…
1 капсула ОМЕГА 3 масти