Фестивал посветен на сите оние кои сакаат да доживеат една поинаква авантура на вкусовите! Оние кои се препознаа во оваа реченица, од 17 до 20 мај задолжително треба да бидат на Плоштадот Македонија. Започнува Гурман фест, кој полека но сигурно ја гради својата традиција. Најавени се многу домашни компании, кои на сите посетители ќе ги понудат своите најдобри производи.

Освен добрата храна и пијалок, организаторите ветуваат и многу забава. Секој ден има поинаква музичка програма, која ќе ги задоволи и оние најпребирливите. Се гледаме!

Повеќе детали за фестивалот можете да најдете на нивната официјална фејсбук страница.