Обожава зачинета храна. Сака кари, чили, шафран, копар, коријандер, бибер, зачини кои нејзиниот организам одлично ги поднесува. Најголем гастромомски порок и се домашните кифлички и питата со праз на кои не може да и одолее. Сепак иако ги обожава, ретко си дозволува ваков оброк, бидејќи лебот сосема го изфрлила од нејзината исхрана.

За себе вели дека е љубопитен гурман кој негува посебен однос кон храната. “Сакам да вкусувам нови јадења, да запознавам нови кујни, да експериментирам, а од друга страна си ја знам мерата и не се прејадувам. Не сум прeбирлива, но сепак постојат вкусови кои не ми се допаѓаат. На пример воопшто не можам да јадам јагнешко месо, прасечко, не сакам пача, мезалк, тешки јадења со запршка.”

Во нејзиниот фрижидер задолжително мора да има зеленчук, овошје, големи количини мешункасти растенија, млеко, јогурт, печурки и месо во помали количини, смрзнати морски плодови, риба. “Исто така во мојата кујна секогаш има мед, пченка, ориз, други видови на житарки, маслиново масло, кафе, кафен шеќер.”

Речиси сите рецепти на нејзиното домашно мени се со зеленчук,брокула, карфиол, тиквички, морков, спанаќ, зелка…мешункасти растенија како боранија, грашок…комбинирани со месо, или пак риба, морски плодови, печурки, ориз, полеан со соодветно зачинет сос, шницли од соја. “ Сепак најомилени и проверени рецепти ми се арапското јадење кус-кус, мексиканската “енчилада’, спанаќ потпечен со ориз, како и сите специјалитети со морски плодови. Сега почесто готвам и тестенини Болоњезе бидејќи моето три и полгодишно синче Никола ги обожава. Многу често мојот брат Дамјан, кој е вокал на метал бендот  “Амброз” се шегува и ми вели дека моментално има мали проблем со гласот и дека лекот се моите тестенини со пармезан и сос од хопла.”

Омилени национални кујни и се мексиканската и арапската. “Веќе ја спомнав енчиладата. Тоа е неверојатен спој на месо, кашкавал, чили и огромно количество на зеленчук, завиткан во една тенка тортиља, придружуван од умерено количество на пченка и црн грав…Од друга страна пак арапската кујна изобилува со преубави јадења по мој вкус. Го божавам фалафелот, оризот со грозје, бадеми и превкусни зачини подготвени на пареа. Исто така омилена ми е и морската храна, особено кога е потпечена на скара.”

Elly вели дека идеалната фамилијарна вечера зависи од семејството. Особено најмногу од Никола, кој се уште е многу мал и има посебен режим на исхрана.  “Додека за мене и мојот сопруг, добра, стокмена вечера се ракчиња потопени во некаков сос, зелена салата и бело вино. Ваквите вечери во последниов период ги избегнуваме во интерес на нашата линија,  така што на менито за вечера има  само свежа салата.”

Најоткачените јадења, Еlly ги пробала додека краток период живеела во Хамбург и тоа со помош на нејзиниот добар другар и колега Али Шибли. “Така всушност ја открив и арапската кујна..ги прошетав сите  арапски ресторани и ги пробав најоткачените и највкуснитте нешта. И кинеската ккујна не ме остави рамнодушна, а неа пак ја открив додека студирав во Софија”.

Oна што и останува желба во животот е да ги проба сите видови зеленчуци и овошја кои постојат на оваа планета.”Исто така би ги пробала и сите кашкавали и сирења…”

Омилен пијалок: Вода со лимон…и пиво, се разбира.

Омилен ресторан: aрапскиот ресторан Аладин во Градски Трговски Центар.

Омилена салата: Цезар , Туна…

Омилено дневно мени:

Доручек….Доручек во домашни услови. Интегрална кифла или интегрален геврек со јогурт или пак житарки со мед, суво грозје и млеко.
Ручек…. Ориз со пилешко, мешан зеленчук и Фелафел , во арапскиот ресторан “Аладин”
Вечера ….Салата од марули, киселец, чили томато, фета сирење, рендан морков, маслинки и копар.

Фото: Аварел