Во пресрет на годишните одмори и костимите за капење, повторно и цврсто решивте да бидете на диета. Одлучивте да почнете да се храните здраво, да почнете да вежбате и да смените некои животни навики за да ги изгубите оние неколку вишок килограми. Меѓутоа, не е се така лесно како што звучи, и по неколку дена попуштате, вашата волја слабее и на крајот потполне се откажувате од диетата.

Ова сценарио им е познато на сите оние кои барем еднаш се обиделе да изгубат по некој килограм. Но, за да го избегнете, освен волјата и желбата, потребна ви е и стратегија.

Пред се, потребна ви е мотивација, бидејќи таа честопати е поважна и од самата стратегија. Научете да ги пронаоѓате и препознавате слабите точки во вашата мотивација, а потоа направете стратегија со која ќе ги држите под контрола.

Стрес

Резултатите од многубројни истражувања покажуваат дека стресот и диетите не се сложуваат баш најдобро. Кога ќе не преплават разно-разни проблеми, волјата и решеноста да слабееме почнуваат да паѓаат.

Стресот, за жал, не можеме да го избегнеме, но затоа можеме да сториме нешто што ќе ги намали неговите штетни влијанија. Една од најважните работи во борбата против стресот е одморот. Внимавајте секој ден добро да се наспиете, а користете го и секој слободен момент за лешкарење (Ставете две парчиња свежа краставица врз очите и легнете). Одмарањето нека ви биде приоритет.

Улогата на семејството

Вашите најблиски можат да ви бидат најголема поддршка, но и извор на најголеми искушенија во периодот додека се борите со диетата, особено ако се храните различно. Испитувањата покажуваат дека воопшто не е продуктивно едноставно да им кажете да престанат да јадат слатки, сендвичи или грицкалки, но затоа пак можете да ги замолите да уживаат во таквата храна кога вие не сте во близината.

Врели летни денови

Држењето на диети е уште една причина плус летото да ви биде омиленото годишно доба, бидејќи држењето на диети во текот на летото е автоматски осудено на успех.

За разлика од другите сезони, летото овозможува вашата желба за храна да биде подмирена со полесни намирници, односно изобилството на свежо овошје и зеленчук навистина ви одат од рака.  Па така, наместо да се оптеретувате со строги режими на исхрана, размислувајте за жешките денови кои се пред нас како за нешто што ги подобрува ефектите на вашата диета и ја засилува вашата мотивација.