Ако страдате и при најмалата промена во температурата или при промена на атмосферските услови, верувајте дека не сте единствени. Се повеќе и повеќе луѓе чувствуваат последици од климатските промени, и тоа не само оние кои имаат хронични болести, туку и сосема здравите луѓе. Следете ги нашите совети како полесно да ги совладате овие промени.

1. Вода

Лекарите советуваат пиење на барем 1,5-2 литри вода дневно. И тоа не само кога постои опасност од дехидратација или пак кога крвниот притисок ви игра и скока нагоре-надолу. Со усвојување на навиката за пиење на вода можете да решите голем број на проблеми. Ќе се ослободите од токсините во организмот, нема да имате потреба постојано да грицкате секакви глупости, а освен тоа, водата го намалува повишениот притисок и го зголемува кога е низок. Значи, секогаш имајте со себе шише со вода!

2. Храна

Научниците се согласуваат дека во континенталните земји бројот на срцеви и мозочни удари е далеку поголем отколку во медитеранските земји каде што традиционално се конзумира поздрава храна. Иако навиките во исхраната многу тешко се менуваат, би требало да почнете од некаде, па наместо комплетно да менувате, модификувајте. Животинските масти заменете ги со растителни, намалете го внесот на црвено месо, а зголемете ја количината на овошје, зеленчук и житарици. Со ваквите промени во начинот на исхрана можете да влијаете на намалувањето на крвниот притисок, нивото на триглицериди и холестерол во крвта.

3. Цигари и алкохол
Цигарите моментално предизвикуваат зголемување на нискиот крвен притисок и даваат чувство на смирување. Меѓутоа, со пушењето внесувате огромни количества на штетни супстанции кои полека, но сигурно ја трујат секоја клетка. Особено се катастрофални последиците ако страдате од висок притисок.

Алкохолот исто така негативно влијае на организмот, освен ако не се работи за чаша црвено вино после ручекот. Секоја друга варијанта, а особено некоја прекумерна, само ќе ја влоши состојбата.

4. Биоритам

Држете се до одреден распоред. Будете се и легнувајте си во исто време. На тој начин ќе му помогнете на организмот да одржи добар имунитет, а вие ќе бидете доволно одморни за да се носите со неизбежниот секојдневен стрес.

5.Спортувајте
Физиката активност го зајакнува крвниот систем, го нормализира притисокот, а истовремено е и одличен вентил за исфрлање на негативната енергија. Од стресот често и не можеме да избегаме, особено ако е поврзан со работното место, меѓутоа можеме да ги исфрлиме неговите негативни последици.

Ако не сте физички активни, веднаш изберете нешто со што ќе се ангажирате, па макар да е тоа и обично секојдневно пешачење во маало. Лекарите велат дека е доволна дневна доза од 20-тина минути активно вежбање, или пак 1 час пешачење.