Морињата кои го опкружуваат Кореанскиот полуостров – Жолтото, Источното кинеско и Јапанското море –овозможуваат користење на огромен број на морски плодови во кореанската кујна. Освен тоа, Кореанците имаат и плодна земја, па така со векови наназад, тие користат свежи производи од земјата и морето. Тие започнале со одгледување на житни растенија и ориз околу 2000-та година п.н.е. Во овој период, кореанците исто така одгледувале и соја, грав и други зрна, па дури и специјален вид на трева чии семиња се користат во исхраната. Биле вешти во производството на вино, паштета од грав, а често користеле и мед и масло во готвењето.

Кинеските и Јапонските инвазии на Кореја во периодот од 14-тиот до 20-тиот век оставиле силни влијанија кои и денес се присутни во кореанската кујна. Како Јапонците и Кинезите, Кореанците јадат ориз со скоро секој оброк и користат стапчиња за јадење. Јадењето со стапчиња подразбира дека храната вообичаено е исечкана на мали парчиња, а готвењето на ситна храна подразбира помалку време за готвење и користење на помалку масло.

Но, за разлика од Јапонија и Кина, Кореанците никогаш не биле нација која ужива во правење и конзумирање на чаеви. Тие имале чиста вода која не морала да биде зовриена за да може да се пие, па затоа повеќе користеле пијалоци направени ог гинсенг (вид зачин) и ѓумбир, а пиеле и вино.

Основни состојки

Корејската кујна има многу сличности со другите азиски кујни, како во однос на состојките што се користат (ориз и различни видови на зеленчук), така и во однос на начинот на приготвување на храната (брзо пржење, варење и комбинација од овие две). Кореанците јадат многу помалку месо од нациите на западниот свет. Црвеното месо е ретко и многу скапо, па како такво се користи само за специјални прилики. Но затоа, употребата на пилешко месо и риба или морски плодови е многу честа.

Корејската храна вообилаено е доста зачинета. Најчесто се користат црвен пипер, соја сос, паштета од грав, лук и ѓумбир, што им дава специфичен и силен вкус на сите оброци. Поради тоа, како гарнир секогаш се служи чист бел ориз.

Специфични јадења

Оброкот кој се служи за поголема група на луѓе честопати се состои од неколку главни јадења и дури до 20 различни видови на гарнири или додатоци. Традиционалниот кореански оброк вклучува супа која се служи топла или ладна, во зависност од сезоната, и hin pap (бел ориз). За разлика од останатите азиски кујни, Кореанците често употребуваат свеж зеленчук во форма на салати.

Kimchi, кој преставува зачинет корејски гарнир, се смета за национално корејско јадење. Може да има различни вкусови, што зависи од традицијата на семејството. Главните состојки се зелка и ротквици кои се варат со црвени лути пиперки, сол и други зеленчуци. Ова јадење се служи со скоро секој оброк во Кореја.

Hin pap, или белиот ориз доаѓа приготвен на најразлични начини почнувајќи од едноставен сварен приз, преку ogokbap (варен ориз измешан со 4 видови на зрна), yakbap (сладок ориз), па дури до  50 различни видови на торти од ориз.

Други вообичаени јадења се kalbi (маринирани телешки ребра) и sinsollo (јадење од месо, риба, зеленчуци, јајца, јаткасти плодови и грав сварени заедно во густа чорба).

Оброците се сметаат за значајни настани во секојдневниот живот на Кореанцте, и доста време се поминува во нивното приготвување. Во суштина, Кореанците сметаат дека јадењето е толку важно што целата концентрација треба да се посвети на тоа, па затоа зборувањето за време на оброците се смета за неучтиво. Тие избегнуваат секаков разговор се додека оброкот не се заврши.

Доручек (achim siksa). Доручекот е главниот оброк во денот за Кореанците. Дури постои и верување дека ако жената не може да подготви богат доручек за својот сопруг, таа не е добра жена. За овој оброк масата е полна со мали садови кои содржат соини и бамбусови ркулци, тофу, јајца варени на пареа, ориз, супа, паштети од риба, и секако, неизбежниот кimchi.

Ручек (jeomsim siksa). Ручекот повторно се состои од супа, како на пример kamja guk или супа од компири, мешан зеленчук и тестенина (како шпагети или фиде). Ферментираната зелка варена со зеленчук (кimchi) и оризот повторно си го наоѓаат своето место на трпезата.

Вечера (jeonyeok siksa). Вечерата за Кореанците не е многу поразлична од другите два оброци. Покрај неизбежниот ориз и кimchi, тука се повторно некаква супа, свежа салата и некое јадење од месо како pulgogi (телешко) или пилешко месо варено на пареа. Она што е заедничко за сите оброци и за сите видови на јадења се боите. Во суштина, добар кореански готвач секогаш се обидува да вклучи пет различни бои во секое јадење (црвена, зелена, жолта, бела и црна). Инаку, за десерт стандардно се кознумира свежо овошје.