Коријандерот (Coriandrum sativum) е еден од најстарите зачини. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдонос, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис. Како зачин се користат и листовите и плодовите.

Додека во Европа најчесто се користат плодовите, во Јужна Америка и Азија предност има листот на коријандерот. Специфичниот вкус на листот бара одредено привикнување поради неговиот остро-горчлив вкус. Листовите на постарите билки можат да се користат за салати и како додаток на јадења од сирење.

Семето вообичаено користи во теста, пецива, во рецепти кои содржат зелје, тиква и слични состојки. Одлично е како додаток на јадења од дивеч, чорби, јадења од свинско и јунешко месо, а оди и во рецепти од зелка и печурки.

Познато е благотворното дејство што коријандерот го има во поцесот на варење на храната, па поради тоа е препорачливо да се додаде во било кое “тешко“ јадење.

Освен како додаток за солени јадења, може да се употреби и при подготовка на слатки како компоти, божиќни колачи (Lebkuechengewuerz), маринади, коктели, а познато е и пивото Госа во кое исто така се додава коријандер.