Има веќе подолго време откако престанав да варам јајца – онака нормално. Што е и разбирливо со оглед на фактот дека ги варам веќе неколку децении, а секој пат излегуваат апсолутно исто. Па добро, како на човек да не му здосади?

Како да ви кажам, ама веќе не ми е досадно, бидејќи сега си варам коцкасти јајца! А да не спомнувам дека освен што разбиваат монотонија имаат и уште една предност. Кога ќе ги ставиш во чинија, остануваат на апсолутно истото место! Нема тркалање, нема бркање околу-наоколу, едноставно си стојат. Па ајде сега кажете ми дека ова не е нешто што просто морате да го имате во кујната!

Во доверба, модливе си ги набавив од тука, а чинат околу 7 долари!