Големиот хедонист, познатиот писател Ернест Хемингвеј освен што ја задолжи светската лиература со своите дела, останува запаметен и како голем љубител на добрата храна и алхохол. Во него чест авторот Graig Boreth објави специјализиран кувар со повеќе од 120 рецепти на  негови омилени јадења и пијалоци.

Покрај рецептите на страниците во оваа книга ќе најдете и голем дел број автентични фотографии на Хемингеј како ужива во пријатно друштво со гурмански припрема храна пред него и со коктел во рака. Книгава чини само 17 долари, што е доволен предизвик да си ја нарачате за себе или да ја подарите на некој ваш близок, љубител на Хемингвеј.