Група јапански научници од универзитетот во Токио направија феноменален изум – наочари кои го намалуваат апетитот. Пректично, наочарите прават храната да изгледа во 50% поголемо количество, па луѓето што ги носат побрзо се заситуваат.

Во наочарите е вградена минијатурна камера која дава погрешен приказ на храната, па така го залажува мозокот давајќи му сосема поинаква перцепција од реалната. Освен тоа, наочарите овозможуваат и менување на вкусот на храната со помош на мириси. На пример, би можеле да јадете варени моркови или брокула, а да мислите дека јадете топло-ладно колаче или палачинки.

Научниците се надеваат дека овие наочари ќе им помогнат на луѓето да слабеат, бидејќи истражувањата покажале дека луѓето кои ги носеле овие наочари јаделе 9,3% помалку од оние кои не ги носеле.

Затоа, ако се подготвувате за одмор, не ви требаат диети, третмани и посебна гардероба. Доволно е само да си ги купите овие наочари. Единствен проблем е можеби фактот што овие наочари сеуште не се излезени во продажба, но додека го чекаме и тоа чудо, би можеле уште малку да си поуживаме во храната, нели?