Ова се само дел од најбизарните имиња на вински брендови. Нивните кумови покажале особена креативност, во намерата да бидат уникатни и да привлечат медиумско внимание. Цел кој дефинитивно успеале да ја постигнат.

Bitch

Кумот очигледно имал сериозни проблеми и несогласувања со женскиот пол штом одлучил своето вино да го крсти “Кучка”. Самиот назив не му бил сосема доволен да ја демонстрира својата фрустрација, па решил на самата етикета 77 пати да напише кучка. Ако ги таргетира напатените женомрзци, овој бренд со сигурност ќе доживее успех?

Vin de Merde

Jean-Marc Speziale сопственик на мало ресторанче во близина на Монпеље, изнервиран од константните лоши критики кои вината од неговиот регион Languedoc-Roussillon ги добиваат од рецензентите, решил да го возврати ударот. Виното кое го служи во својот угостителски објект го нарекол “Гомно”. Генијално нема што! По вечерата ви препорачуваме да се напиете едно Гомно од одличната берба 2007!

Mad Housewife

Ова не е очајна домаќинка. Ова е уште полошо. Луда домаќинка! Име на калифорнискиот вински бренд, кој освен откачено име, има и одлична етика. Нарачуваме во прва прилика!

Frog’s Piss
Ако досега не сте имале прилика да пробате флаширана мочка од жаба, еве вистинска прилика. Се шегуваме! Не станува збор за пијалак со таква содржина, тука за вино со потекло од Франција. Фино црвено префинето вино, со одличен вкус, но со тотално бизарно име.

Fat Bastard

Дебело копиле е официјалниот назив на британско-француската копродукција за чистокрвно француско шираз вино. Новиот бренд во моментов се продава како алва на американскиот континент. Ова дефинитивно не се должи само поради квалитетот на виното. Сигурни сме дека има нешто и во самото име! Респектабилниот Bisiness Week, Fat Bastard го нарече маркетиншки феномен.

Еве уште некои… Oopс -име кое кумот сигурно го дал по многу испиени флаши, Аrrogant Frog Ribert-име со зоо контекст, Blasted Church – име со религиозна/теолошка позадина, Elephant on a Tightrope –име во циркуски манир..