Па како да ви кажам ама не е се во путерот – има нешто и во ножот! А изгледа дека на англискиот пекар Варбатонс и тоа како му било јасно дека е така па си го измислил Тости. Се работи за специјален нож за путер на батерии кој се загрева за 30 секунди откако ќе се притисне копчето за вклучување и воала, имате совршен начин да го го размачкате путерот врз лепчето, а тоа значи совршен сендвич за помалку од минута! Па што би можело да биде посовршено од тоа?

Всушност, ќе беше совршено доколку овој нож можеше да се купи во продавниците. За жал сеуште е прототип, ама тоа не значи дека нема да чекам нетрпеливо да почнат со комерцијална продажба. И не грижете се, ако наслушнам нешто, веднаш ви јавувам!

како работи ножот за путер

како работи ножот за путер