Па добро, уште ли плачете кога сечкате кромид? Уште ли излегувате од кујната со црвени и натечени очи додека домашните се потсмевнуваат на вашиот изглед? Да ви кажам искрено, јас престанав.

Ми се здосади да слушам како по дома ми ја пеат онаа “Не плачи душо….“ секогаш кога нешто готвам и тргнав да барам решение. Прво слушнав дека помагало ако го излупиш кромидот и го исечеш на половина под млаз ладна вода. Фала богу, веднаш го пробав тој метод, ама некако не ми работеше. Потоа чув дека нема да плачеш ако ставиш парче леб во устата и го држиш додека сечкаш. Е ова некако воопшто не ми одеше. Прво, некако ми беше блуткаво во уста да држам парче сув леб. Второ, некако лошо ми изгледаше. Не дека се гледам во огледало де кога сечкам кромид, ама пак некако ….. не ми одеше и крај.

И уште пар други работи што ги слушнав и се затрчав да ги пробам, ама џабе. Односно беше џабе додека не си ги најдов овие специјални очила за сечкање кромид. Има ли потреба да зборувам повеќе? Сега сум насмеана, згодна и изгледам како шизика (ни помалку, ни повеќе) кога готвам. И што е најважно, веќе никој не ми ја пее онаа песна…..

П.С. Инаку, очилава можете да си ги набавите овде!