Иако веруваме дека и тоа како знаете да правите палачинки, сепак ви ги предлагаме овие. Само малку се поразлични од стандардните, но таа мала разлика е токму она што му го дава неповторливиот вкус на нашиот денешен избор.
Палачинки со плазма
By June 8, 2012
Published:Иако веруваме дека и тоа како знаете да правите палачинки, сепак ви ги …
Ingredients
- 2 јајца
- 75 гр бело брашно
- 25 гр мелени плазма кекси
- 200 мл млеко
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1/2 кафена лажичка шеќер
- 15-20 мл масло за готвење
- 30 гр нутела (фил за 2 палачинки)
- 20 гр мелени плазма кекси ил за 2 палачинки)
- 1 банана ил за 2 палачинки)
- 5-6 свежи јагоди ил за 2 палачинки)
- малку течно чоколадо
- 50 мл слатка павлака (за украсување)
Instructions
- 1.Во подлабок сад со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, солта и брашното.
- 2.Додадете ги млекото и маслото и уште еднаш убаво промешајте, а на крајот додадете 25 гр плазма, па и тоа измешајте го.
- 3.Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути, а потоа пржете ги палачинките во добро загреано тавче.
- 4.Кога ќе бидат готови палачинките, намачкајте ги со нутела, наредете парчиња од бананата и јагодите и посипете со плазма.
- 5.Превиткајте ги палачинките на 4 (да добиете триаголници), а одозгора посипете уште малку плазма, и украсете ги со изматената павлака и со течното чоколадо.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна