Во неговиот фрижидер мора постојано да има козјо сирење, туна, зеленчук, маслинки и многу овошје. Оние што подобро го познаваат за него ќе речат дека е човек кој внимава на исхраната, вежба многу и затоа сака да се храни здраво. Самиот ни потврди дека порано јадел од се и сешто. Но, денес е многу попребирлив што става во уста. “Откако сфатив дека 50 % од здравјето влага преку уста дефинитивно многу сум пребирлив. Дури и друштвото повеќе не ме вика да искачам на ручеци со нив, бидејќи мора да има тоа што јас посебно го јадам”.

Вели дека нема некој посебен порок кога станува збор за храна, без која едноставно не може. Ако мора да издвои нешто тоа би било чоколадото. Сепак максимално се воздржува од ова слатко мало задовоство. Кога го фаќа криза за благо, чоколадото го менува со лажица мед.

Иако изгледа топ, Панчо фанатично не брои калории, туку внимава што јаде. Неговиот омилен рецепт, кој секогаш е полн погодок кога и да го приготви, е пире со сецкани маслинки и козјо сирење. Омилена национална кујни му се тајванската и кинеската, а омилен пијалок му е Пепски Макс и кисела вода Пелистерка.

На прашањето што би избрал фаст фуд или домашно спремен оброк, вели дека знае да јаде и брза храна, но на места кои прават исклучиво здрава храна. “Но, како и да е, динстаното месо на мајка ми и печените компири не би ги менувал за ништо.”

Најодвратното нешто што до сега го пробал е пача. “Се можам да јадам ама тоа ми е стварно одвратно”. Она што Панчо би сакал да го проба, а до сега немал прилика сигурно ќе ги вознемири ревносните вегетаријанци и заштитници на правата на животните. Вели дека сака да проба мечка, срна или кит.

Омилено место за ручек: ресторанот Уранија во парк е мојот втор дом

Омилена салата: свежа зелка, морков, цвекло + 5 маслинки

Омилено дневно мени:

Доручек…. житарици или овошје

Ручек…. ориз, варен или печен компир, салата и многу месо- пилешко, телешко или риба

Вечера…. салата и месо, хидратите ги избегнувам навечер