Ако ви се јаде нешто домашно парено, тогаш овој колач е правиот избор. Некои го нарекуваат араванија и го попаруваат со шербет, но јас се одлучив за една поинaква варијанта и го попарив со млеко. Меко и превкусно задоволство со секое залаче. Добар апетит.

Парен колач

By Тетка Биберче Published: May 15, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 35 mins

Ако ви се јаде нешто домашно парено, тогаш овој колач е правиот избор. …

Ingredients

Instructions

  1. Матење на белката со шеќерот1.Во сад, со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете црвст шлаг.
  2. Додавање на жолчка во смесата2.Постепено додавајте ги жолчките, притоа константно мешајќи со миксер.
  3. Додавање на брашно во смесата3.Измешајте го брашното со гризот и прашокот за пециво и додадете го во смесата. Мешајте со силиконска лажица се додека сместа не стане хомогена.
  4. Истурање на смесата во плех за печење4.Тавата за печење намачкајте ја со маргарин или путер и смесата истурете ја во неа.
  5. Испечен парен колач5.Печете на 180 степени, во загреана рерна, околу 15 до 20 минути. Проверете со чечкалица дали колачот е испечен.
  6. Истурање на млекот врз ладниот колач6.Сварете го млекото, додадете шеќерот и ванилата и со постојано мешање, варете околу 10 минути. Смесата за попарување истурете ја врз оладениот колач (но истурајте внимателно бидејќи површината на колачот е нежна).
  7. Парен колач7.Оставете колач да се олади, исечете го на коцки, наросете малку ореви и сервијате го. Добар апетит!