Еден од најпознатите италијански рецепти за приготвување на тестенини е славен не само по својата едноставност, туку и затоа што неговиот изумител Алфредо, инаку сопственик на познат ресторан во Рим, го служел овој специјалитет со златни лажица и вилушка. Но ако баш и немате такви дома, не грижете се, оваа тестенина е совршено вкусна и со обичен прибор за јадење!

Паста Алфредо

By Гастронаутка Published: June 14, 2012

    Еден од најпознатите италијански рецепти за приготвување на тестенини е …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Растопете го путерот во подлабоко тавче (или тенџере).
    2. 2.Кога ќе се стопи, додадете ја павлата за готвење, измешајте и почекајте сосот да зоврие.
    3. 3.Кога ќе зоврие, додадете го пармезанот, малку сол и црн пипер, измешајте убаво и веднаш исклучете го шпоретот.
    4. 4.Во меѓувреме сварете ја тестенината во солена вода, согласно инструкциите на пакетчето (по правило би требало тестенината да биде ал денте).
    5. 5.Кога тестенината ќе се свари, убаво исцедете ја, а потоа истурете ја во тавчето во кое го правевте сосот.
    6. 6.Убаво промешајте, послужете ја тестенината во чинии додека е уште топла и декорирајте со ситни парчиња свеж магдонос и малку рендан пармезан.