Ова е начинот на кој Валентина Крстевска често ги подготвува свински шницли, кои патем нејзините дегустатори се секогаш одново воодушевени…
Печени шницли со сос
By March 7, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 1 hr 30 mins
- Ready In: 1 hr 50 mins
Ова е начинот на кој Валентина Крстевска често ги подготвува свински …
Ingredients
- 4 големи свински шницли од бут
- малку брашно
- 4-8 листа гауда кашкава
- 8-12 листа чадено месо по ваш избор (месо од плешка, св.врат, печеница, пршута, пил.стек...)
- 300 г кисела павлака (или кисело млеко)
- 300 мл минерална газирана вода
- 150 мл бело вино
- малку маслиново масло (за да се намрсти садот за печење)
- малку зачинска сол, бибер, зачини (јас додавам само половина лажица зачинска сол за сосот)
Instructions
- 1.Шницлите лесно се обработуваат со чукање со чеканче за месо. Се побрашнуваат од едната страна, па на страната без брашно се покриваат со лист од кашкавал и 2-3 листа од чаденото месо.
- 2.НАПОМЕНА: ако листовите од кашкавалот се многу помали од шницлите, ставајте по 2.
- 3.Вака подготвените шницли завиткајте ги во ролничка и прицврстете ги со чепкалки за заби.
- 4.Пожелно е садот во кој ќе се печат шницлите да биде огноотпорен. Дното премачкајте го со маслиново масло и поставете ги завитканите шницли.
- 5.Изматете ја киселата павлака со белото вино и малку зачинска сол, додајте ја и минералната вода, па прелијте го сосот преку месото.
- 6.Се пече на 200 степени околу 1,5 час. Повремено превртувајте ги ролничките за да не подгорат само од едната страна.
- 7.Препорака:садот во кој се пече месото нека биде прекриен во првиот час од печењето.
- Cuisine: Главно јадење
- Skill Level: Средна