Бидејќи не постои човек кој не е опседнат со квалитетот на својата коса, еве неколку совети како на природен начин до совршен изглед. Малкумина знаат дека косата во целост е создадена од протеини, па токму во нив се крие тајната. Внимавајте вашата исхрана да изобилува со протеини кои ќе ви помогнат вашата коса да ја добие посакуваната цврстина.

Покрај многуте состојки во кои има протеини, едни од најдобрите извори се млечните производи, особено свежото кравјо сирење, кое секојдневно ви го препорачуваме на вашето мени.

Ако имате пак проблем со опаѓање на косата, кој е чест случај кај мажите, тогаш треба повеќе да внесувате цинк. Цинк на природен начин во поголема количина ќе најдете во семките од тиква. Ако го имате овој проблем, додека гледате филм или некој фудбалски натпревар наместо чипс, ви препорачуваме доза до 50 грама семки. Фина и хранлива занимација.