Дегустации на најдобрите македонски вина. Одличен избор на храна и многу музика. Денес почнува пролетниот вино фест во организација на Веро Центарот. Настанот се одржува на отворениот паркинг простор пред самиот трговски центар. Вашето присуство е задолжително. Убава, пријатна и разиграна атмосфера ќе обезбедат: Влатко Стефановски, Калевала, Нокаут, Тумбао салса бенд, Черкези трубачи, Ајдаред, Скандал састав, Миле Кузмановски, Тони Зен, Токсикологија.

Фестивалот трае до 13 мај.  Се гледаме!