Кога маслата може да се штетни?

Маслата може да станат штетни ако се прегреат. Секое масло се карактеризира со своја сопствена критична температура на која почнува да се разложува, почнува да дими и како резултат на тоа се создаваат материи кои се штетни за организмот. Во продолжение е дадена критичната температура за некои масла, со напомена дека оптималната температура на пржење е околу 180 степени.

Сончогледово и соино масло – 170° С
Маслиново масло – 210° С
Палметинско масло – 240° С
Масло од кикирики – 220° С
Масло од семки од грозје и пченкарно масло – 160° С
Маргарин – 150° С
Путер – 110° С

На какво масло треба да се пржи?

Пржењето на месо и зеленчук е една од најлошите варијанти за приготвување на оброци, иако би рекле најраспространето, но и највкусно. Пржењето е штетно затоа што на висока температура маслата оксидираат и како резултат на тоа се создаваат штетни материи, кои се дури и карценогени. Но, ако веќе сте решиле да јадете пржено, тогаш треба оброкот барем да го искомбинирате. Така на пример, ако сте приготвиле пржено месо, тогаш гарнирот треба да биде богат со варен или динстан зеленчук. Оваа комбинација на пржено месо и варен зеленчук е идеална и добро се апсорбира од страна на организмот.
Маслновото масло е едно од најстабилните масла (висока критична температура), па неговиот пат кон тавата за пржење е дозволен. Путерот му дава убав вкус на секое јадење, но не смее силно да се загрева.
Ако претпочитате употреба на маргаринот, ситуацијата наликува на онаа на путерот. Едно од постабилните масла на повисока темпеартура е и кокосовото масло затоа што содржи заситени масни киселини. Следствено, ако сакате да испржите компирчиња во фритеза, идеално масло е токму кокосовото масло (иако кај нас потешко се наоѓа).

Дали на ладно цедено масло може да се пржи, динста или вари?

Ваквите масла содржат корисни материи како витамин Е, лецитин, каретиноиди, ароматични материи. Во принцип, дозволено е краткотрајно пржење или динстање затоа што тие се постабилни одошто рафинираните масла, НО НЕ СМЕЕ да се дозволи овие масла да почнат да димат. Најдобро е  ладно цедените масла да се употребуваат за салати.

Неколку совети:

За пржење на месо или зеленчук, помалку маснотија ќе биде потребно ако се користи тефлонска тава или тава обложена со керамика. Најпрво тавата треба добро да се загрее без присуство на масло, потоа се става маслото. Кога ќе го ставите маслото во тавата, ставете и дрвена лажица внатре, па кога ќе забележите меурчиња на самата дрвена лажица, тогаш маслото е подготвено за пржење.

Не го перегревајте маслото. Зеленчук, месо или риба треба да се пржи на рафинирано масло, а не на нерафинирано. Диетолозите советуваат за пржење да се употребува РАФИНИРАНО МАСЛИНОВО МАСЛО а не сончогледово. Ова е резултат на тоа што маслиновото масло содржи помалку полинезаситени масни киселини, па според тоа и побавно се оксидира. Во секој случај, при пржење, температурата на маслото во кое се пржи не смее да биде поголема ос 160-180 степени.

Кога маслата може да се штетни?

Маслата може да станат штетни ако се прегреат во тавата. Секое масло се карактеризира со своја сопствена критична температура, на која почнуваат да се разложуваат, почнува да дими и како резултат на тоа се создаваат штетни материи за организмот. Ви ја предлагам следната табела на критична температура за некои масла, со напомена дека оптималната температура на пржење е околу 180° С.

Сончогледово и соино масло

170° С

Маслиново масло

210° С

Палметинско масло

240° С

Масло од кикирики

220° С

Масло од семки од грозје и пченкарно масло

160° С

Маргарин

150° С

Путер

110° С

На какво масло треба да се пржи?

Пржењето на месо и зеленчук едно од најлошите варијанти за приготвување на оброци, иако би рекле најраспространето, но и највкусно. Штетно е пржењето затоа што на висока температура маслата оксидираат и како резултат на тоа се создаваат штетни материи, па дури и карценогени. Но ако веќе како оброк сте приготвиле пржено месо, тогаш гарнирот треба да биде богат со варен или динстан зеленчук. Оваа комбинација на пржено месо и варен зеленчук е идеален и добро се апсорбира од страна на организмот.

Постабилно е маслновото масло, па неговиот пат кон тавата за пржење е дозволен.

Путерот дава убав вкус на јадењето, но не смее силно да се загрева.

Ако претпочитуваш употреба на маргаринот, ситуацијата е наликува на онаа на путерот.

Едно од постабилните маслана повисока темпеартура е кокосовото масло затоа што содржи заситени масни киселини. Па ако сакате да испржите компирчиња во фритеза, идеално масло е токму кокосовото масло.

Дали на еxtra virgen масло може да се пржи, динста или вари?

Ваквите масла содржат корисни материи како витамин Е, лецитин, каретиноиди, ароматични материи. Во принцип, дозволено е краткотрајно пржење или динстање затоа што тие се постабилни одошто рафинираните, НО НЕСМЕЕ да се дозволи да почнат да димат. Најдобро маслата да се употребуваат за салати.

Наш совет.

За пржење на месо или зеленчук, помалку маснотија ќе биде потребно ако се користи тефлонска тава или тава обложена со ќерамика. Првин тавата треба добро да се загрее без присуство на масло, потоа се сипа маслото и тогаш подржете една дрвена лажица во врелото маслото и кога ќе забележите меурчиња на самата дрвена лажица, тогаш маслото е спремно за пржење.

Не го перегревајте маслото. Зеленчук, месо или риба треба да се пржи на рафинирано масло, а не на нерафинирано. Рафинираните масла, при загревање ослободуваат токсични материи. Диетолозите советуваат,за пржење да се употребува РАФИНИРАНО МАСЛИНОВО МАСЛО а не сончогледово. Тоа е така затоа што маслиновото масло содржи помалку полинезаситени масни киселини, според тоа и побавно се оксидира. Во секој случај, при пржење, температурата на мслото во кое се пржи не смее да биде поголема ос 160-180