Едноставно, вкусно и ладно предјадење…

Салата со туна и пченка

By А.А. Published: May 17, 2012

    Едноставно, вкусно и ладно предјадење...

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Пченката ја ставаме во сад со солена вода да се вари. Земајќи во предвид дека е од конзерва, времето на варење е кратко (замрзнатата пченка подолго се вари).
    2. 2.Додека се вари пченката, ја отвораме конзервата со туна и ја цедиме од маслото ( важно е да нема дополнителни течности за салатата да биде компактна).
    3. 3.Кромидот го сечкаме на парчиња и го мешаме со туната.
    4. 4.Сварената пченка ја цедиме и ја оставаме околу 5 до 10 минути на цедалка за да се олади.
    5. 5.Оладената пченка ја мешаме со туната и додаваме мајонез, павлака, сол и мајчина душица.
    6. 6.Највкусна е кога е ладна, па затоа ве советувам да ја држите во фрижидер до самото послужување.
    7. 7.Во салатата може (по ваша желба) да додадете се што ќе ви падне на памет (сечкани кисели краставици, сварени јајца, сенф...). Освен како прилог на некое јадење, оваа салата може да се користи и како намаз.