Навистина би било штета да го пропуштите ова летно освежување, особено сега кога праските ги има во изобилство! Свртете го шејкерот неколку пати, соберете ги пријателите, и …. уживајте.
Сангриа со праски
By June 17, 2013
Published:Навистина би било штета да го пропуштите ова летно освежување, особено …
Ingredients
- 750 мл бело вино
- 250 мл ликер од праски
- 2 супени лажици шеќер (може и повеќе, по вкус)
- 4 праски
- 1 портокал
- неколку коцки лед
Instructions
- 1.Во поголем бокал или сад ставете ги виното, ликерот и шеќерот и мешајте се додека шеќерот не се растопи.
- 2.Додадете ги праските исечени на парчиња и портокалот исечен на кругови или полукругови. Послужете го коктелот добро изладен или со повеќе лед.