Сите во нашата фамилија обожаваат чизкејк. Во  стариот домашен кувар имаме неколку одлични рецепти за сладок чизкејк кои често ги правиме. Но, неодамна на наше големо задоволство најдовме еден супер рецепт за чизкејк направен во солена варијанта кој  навистина не инспирираше. А, кога се има инспирација се е полесно нели.

Си рековме ајде да се фатиме за работа да го направиме и да го споделиме со вас. Оригиналниот рецепт кој го видовме кај една наша пријателка блогерка- Zorica Lakonic од блогот My pans and pots решивме малку да го измениме и да го направиме по наш вкус, кој знаеме дека и вас ќе ве бендиса.

Особено затоа што е направен од комбинација на неколку состојки кои одлично одат заедно. Спојот на рикота и крем сирење е навистина феноменален. За дополнителен вкус ние ставивме и неколку парчиња сланина и декориравме со шери домати и како што можете да видете од фотографиите резултатот е одличен.

Неодоливо вкусен чизкејк за чија подготовка и нема да ви треба повеќе од 40 минути. Откако ќе го вкусите првото залче ќе се уверите дека времето потрошено во кујна ви се исплатело.

Овој чизкејк можете да го сервирате за појадок со малку грчки јогурт, а е одличен и како бранч диш во комбинација со зелена салата. Оние кои повеќе преферираат вегетаријанска исхрана, се што треба да направат е да ја заменат сланина со маслинки или пак со парчиња кромид и ќе добијат супер вкусен оброк. Добар апетит.


Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Состојки:

Кора од двопек

  • 150 двопек
  • 75 г путер
  • 1 јајце

Фил:

  • 4 јајца
  • 400 г урда
  • 200 г крем сирење
  • 150 г сланина
  • 1 мала лажица мајчина душица
  • 1 лажица власец
  • Сол, црн пипер

Останато:

  • Шери домати
  • Сланина

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Калапот за печење (20 см) намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење.

Кора од двопек.

  1. Во блендер, измелете го двопекот. Додадете стопен путер и едно јајце и добро измешајте. Смесата ставете ја на дното на калапот за печење. Добро натапкајте ја.

Фил.

  1. Со помош на миксер изматете ја урдата заедно со крем сирењето. Додајте ги јајцата, едно по едно, и мешајте се додека смесата не се изедначи крем сирење и ricotta само додека не се изедначи.
  2. Додадете мајчина душица, власец и зачинете со сол и црн пипер.
  3. Исечете ја сланината на мали парчиња и да додадете ја во смесата со сирење.
  4. Вака подготвената смеса истурете ја врз мелениот двопек и рамномерно распределете ја.
  5. Печете ја солената торта околу 40-50 минути. Малку оладена, ставете ја во фрижидер најмалку 1 час пред сервирање.
  6. Пред сервирање, врз солената торта ставете шери домати и пржена сланина. Добар апетит.

 

Солен чизкејк
Write a review
Принт
Време на подготовка
20 min
Време на готвење
40 min
Вкупно време
1 min
Време на подготовка
20 min
Време на готвење
40 min
Вкупно време
1 min
Состојки
  1. Кора од двопек
  2. 150 двопек
  3. 75 г путер
  4. 1 јајце
Фил
  1. 4 јајца
  2. 400 г урда
  3. 200 г крем сирење
  4. 150 г сланина
  5. 1 мала лажица мајчина душица
  6. 1 лажица власец
  7. Сол, црн пипер
Останато
  1. Шери домати
  2. Сланина
Подготовка
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Калапот за печење (20 см) намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење.
  2. Кора од двопек.
  3. Во блендер, измелете го двопекот. Додадете стопен путер и едно јајце и добро измешајте. Смесата ставете ја на дното на калапот за печење. Добро натапкајте ја.
  4. Фил.
  5. Со помош на миксер изматете ја урдата заедно со крем сирењето. Додајте ги јајцата, едно по едно, и мешајте се додека смесата не се изедначи крем сирење и ricotta само додека не се изедначи.
  6. Додадете мајчина душица, власец и зачинете со сол и црн пипер.
  7. Исечете ја сланината на мали парчиња и да додадете ја во смесата со сирење.
  8. Вака подготвената смеса истурете ја врз мелениот двопек и рамномерно распределете ја.
  9. Печете ја солената торта околу 40-50 минути. Малку оладена, ставете ја во фрижидер најмалку 1 час пред сервирање.
  10. Пред сервирање, врз солената торта ставете шери домати и пржена сланина. Добар апетит.
Забелешка
  1. Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите!
MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! http://migusto.mk/