Без шега, ова е подобро и од супер. Ви препорачуваме да го искомбинирате со шпагети, јуфки или некоја тестенина по ваш избор. Пријатен ручек!

Телешко со брокули

By Гастронаутка Published: May 31, 2012

    Без шега, ова е подобро и од супер. Ви препорачуваме да го искомбинирате …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Направете маринада од 1 лажица вино, црн пипер и 1/2 кафена лажичка густин во подлабок сад. Додадете го месото исечкано на тенки и мали парчиња (долги околу 3-4 см, широки 1,5-2 см) и убаво измешајте. Оставете го месото да стои во маринадата околу 15 минути.
    2. 2.Во друг сад подгответе го сосот. Измешајте го соја сосот, две лажици вино и пилешкиот бујон.
    3. 3.Бланширајте ги броколите, односно ставете ги да се поварат во зовриена вода во која сте додале малку сол околу 2 минути. Извадете ги од водата и ставете ги да се исцедат убаво.
    4. 4.Загрејте поголемо тавче или вок на оган, па додадете го маслото. Потоа ставете ги парчињата месо и пржете ги околу 1 минута од едната страна.
    5. 5.Превртете го месото, додадете го лукот и пржете уште околу минута (месото треба да ја изгуби розеникавата боја).
    6. 6.Истурете го сосот во тавчето, додадете ги броколите, додадете една лажичка густин растворен со една супена лажичка вода и почекајте да зоврие и да се згусне, со повремено мешање (околу 1 минута).