Компанијата Тиквеш стартуваше интересна онлајн кампања за едукација на сите оние кои немаат доволно познавање на винскиот бон тон. Станува збор за интерактивна апликација, која преку едукативни видеа ќе ви покаже како да ја изберете правилната чаша, начинот на чување и послужување на виното.

Во секое од видеата постојат повеќе одговори од кои само еден е точен. По завршување на видеото, ќе се појават можните одговори и со кликање на еден од нив ќе бидете пренасочени на следното видео каде ќе дознаете дали Вашиот одговор е точен. Закачете се на официјалната фејсбук страница на Тиквеш и едуцирајте се!