Постојат многу варијации на тема Тирамису, и сигурни сме дека сте пробале барем еднаш да го направите овој неодолив десерт. Сепак, еве нешто малку поразлично (особено ако ви останало малку суво колаче кое е веќе засушено).
Тирамису
By June 11, 2012
Published:Постојат многу варијации на тема Тирамису, и сигурни сме дека сте пробале …
Ingredients
- 300 гр пишкоти или било какво суво колаче
- 500 гр маскарпоне
- 3 јајца
- 4 супени лажици шеќер
- 200 мл слатка павлака
- 500 мл вода
- 5 кафени лажички нескафе
- 2 ванилин шеќер
- малку рум
- малку несквик или какао (за украсување)
- неколку ливчиња свежо нане (за украсување)
Instructions
- 1.Жолчките убаво изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го нескафето растворено во водата и маскарпонето, измешајте, а потоа додадете ја и изматената слатка павлака и повторно измешајте.
- 2.Белките изматете ги посебно, а потоа внимателно, со бавни и нежни движења измешајте го шлагот со претходно направената смеса.
- 3.Пишкотите или некое суво колаче (ако сте правеле нешто претходно како шарен куглоф или слично, па останало малку) натопете ги со малку рум и ставете еден слој во повисоки и почироки чаши.
- 4.Покријте ги слој од направената смеса, а потоа продолжите да редите еден слој пишкоти, еден слој смеса додека не ги наполните чашите.
- 5.Завршете со слој од смесата и украсете со малку несквик или какао и неколку ливчиња свежо нане. Оставете ги чашите да отстојат во фрижидер неколку часа пред да ги послужите.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна