Вкусот на топло и разлеано чоколадо совршено се совпаѓа со свежината на сладоледот од ванила. Фантастичен десерт, многу едноставен за правење (откако ќе научите колку точно минути да го печете!). Рецепт на Маја Трајковска.
Топло-Ладно
By April 29, 2012
Published:- Yield: 9 Servings
Вкусот на топло и разлеано чоколадо совршено се совпаѓа со свежината на …
Ingredients
- 4 Јајца
- 170 гр путер
- 130 гр шеќер
- 70 гр брашно
- 150 гр темно чоколадо повеќе од 60% какао
- 9 топки сладолед од ванила
- неколку ливчиња свежо нане или цитронела
Instructions
- 1.Со миксер убаво се мати путерот и шеќерот.
- 2.Во смесата се додаваат јајцата, брашното и растопеното чоколадо (внимавајте при изборот на чоколадо, бидејќи колачите не излегуваат добро со било какво чоколадо - Витаминка чоколадото за готвење е добар избор).
- 3.Откако убаво ќе се соедини смесата, се остава да отстои барем половина час на собна температура, а потоа се става во модли (чашки за печење кои не треба да се подмачкуваат ако се тефлонски - можат да се најдат кај нас).
- 4.Се печат во убаво загреана рерна (наредени на жицата, не на тавче) на температура од 200 степени. Времет на печење е помеѓу 7 и 8 минути (НИКАКО ПОВЕЌЕ) во зависност од рерната, а можете да пробате со печење на една чашка и со проверка, за да го дознаете точното време за вашата рерна
- 5.Откако ќе се испечат, се превртуваат на чинија за служење, се посипуваат со шеќер во прав или со течно чоколадо, а покрај секое колаче се става една топка сладолед од ванила. Се украсуваат со 1-2 ливчиња од свежо нане или цитронела.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна