Лесен десерт кој бара сосема малку трпение, уште помалку труд, голема љубов за десерти, и приличен апетит. Внимавајте само да не изчезне од фрижидерот пред да успеете да ја пробате и вие!

Торта со кокос и јагоди

By Гастронаутка Published: May 30, 2012

    Лесен десерт кој бара сосема малку трпение, уште помалку труд, голема …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Одвојте ги белките од жолчките. Во белките измешајте 50 гр шеќер, додадете неколку зрнца сол и изматете цврста пена (шлаг).
    2. 2.Во посебен сад изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер, а кога ќе добиете густа пенаста маса, додадете ја водата и нутелата, и мешајте додека состојките не се соединат.
    3. 3.Во брашното истурете го прашокот за пециво, а потоа додадете го во смесата со жолчки, додадете го маслото и повторно измешајте. На крајот, со лажица и со нежни и бавни движења додадете го шлагот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
    4. 4.Квадратно тавче за печење (околу 30 на 30 см) обложете го со хартија за печење или премачкајте го со путер и посипете малку брашно. Истурете ја смесата во тавчето и печете го тестото во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
    5. 5.Изматете ја слатката павлака во цврст снег. Одвојте околу 5-6 полни супени лажици од снегот настрана (за украсување). Во остатокот додадете го кокосот и јагодите претходно исечкани на помали парчиња. Измешајте.
    6. 6.Кога ќе се подолади тестото, исечете го (најдобро со конец) на две половини. Кога сечете со конец, најпрво направете мал рез со ножот долж целата торта. Поставете го конецот во резот, повлечете ги двата краја на спротивната страна да се прекрстат, а потоа нежно влечете.
    7. 7.Врз првата половина од тестото испрскајте малку млеко или сируп од слатко (може да се намачка и со многу тенок слој од џем). Врз тестото распоредете го филот со кокосот и јагодите, а одозгора ставете ја втората половина од тестото.
    8. 8.Премачкајте ја целата торта со снегот што го тргнавте настрана и украсете ја со неколку цели јагоди. Оставете ја да отстои во фрижидер барем 1 час пред да ја послужите.