Во соработка со Проф. Др. Здравко Тројачанец. Мигрената е васкуларна главоболка која вклучува екстензивно проширување или собирање н крвните садови во мозокот. Постојат два типа на мигрена, обична и класична. Обичната мигрена се појавува бавно, предизвикувајќи јаки болки кои можат да траат од два до седумдесет и два часа. Болката обично се концентрира во тилот или позади едно уво, или пак може да започне во задниот дел од вратот, а потоа да се прошири во цела една половина од черепот. Вообичаено, мигрената е пропратена со повраќање, вртоглавица, заматен вид, како и затапеност во екстремитетите. Класичната мигрена е слична на обичната, со тоа што постојат сет на симптоми кои и претходат. Овие симптоми мжат да бидат проблеми во говорот, општа слабост, нарушувања на видот или на мирисот.

Многу работи можат да ја предизвикаат мигрената, почнувајќи од различни алергии, стрес, нарушување на работата на црниот дроб, премногу или премалку спиење, емоционални и хормонални промени, недостаток на физичка активност, проблеми со забите и други состојби. Ниското ниво на шеќер во крвта исто така може да биде предизвикувач. Истражувањата покажуваат дека нивото на шеќер во крвта е ниско за време на мигрена, а колку е ова ниво пониско, толку се посилни болките. Цигарите се еден од факторите кои се вбројуваат во групата на предизвикувачи, заедно со голем број на различни типови на храна како чоколадото, лимони, портокали и слични цитрусни овошја, алкохол (особено црвено вино), но и било која храна која е стара, конзервирана, кисела, горчлива или ферментирана.

Препораки за начинот на исхрана 

Во борбата против мигрената многу помага диета која има мало количество на прости јаглехидрати, а е богата со протеини. Задолжително внесете бадеми, магдонос, лук, цреши и свеж ананас во секојдневната исхрана. Избегнувајте храна која содржи тирамин (tyramine-аминокиселина), односно избегнувајте зрело месо, млечни производи, авокадо, банани, зелка, конзервирана риба, модар патлиџан, млечни производи, а особено кашкавал, компири, сливи, домати, вино, пиво и квасец, Исто така, избегнувајте аспирин, чоколадо, моносодиум глутамат (monosodium glutamate), зачинета и брза храна, пржена храна, мрсна храна и тесто.

Јадете мали оброци, и дополнителни мали меѓуоброци, ако е потребно. Особено внимавајте да не ги прескокнувате или одложувате оброците за подолго време. Пробајте да користите кафе како лек против мигрената. При првиот знак на мигрена што ќе го забележите, напијте се шолја или две силно црно кафе, а потоа испружете се во тивка и темна соба. Но внимавајте, за да биде успешен овој третман, не треба да конзумирате кафе во други ситуации. Тоа значи дека од вашата секјдневна исхрана треба комплетно да го исфрлите кафето, како и се што содржи кофеин – чај, чоколадо, газирани пијалоци, па дури и лекови.