Ако сакате вашата прослава, свадба, роденден, промоција или свечено отворање да го направите поинакво, да им приредите на сите ваши гости нешто несекојдневно за кое долго ќе раскажуваат, еве еден интересен предлог. Изнајмете чоколадна фонтана и верувајте, сите ќе уживаат во неповторливиот вкус на топено белгиско чоколадо.

За да дознаеме повеќе детали за изнајмувањето  на чоколадни фонтани поразговаравме со Марија Радулова, дел од тимот кој неколу години наназад се труди вашите веселби да имаат сладок вкус.

“Идејата за фонтаните е на нашиот менаџер.  На еден интернационален натпревар за готвење во Италија во 2006 година, тој случајно се пријавува и ја освојува главната награда. Еден дел од наградата е и посета на најдобрите ресторани и на забавите кои тие ги организираат, таму за прв пат се сретнува со чоколадните фонтани, се запознава со луѓето кои ги работат и така доаѓа до идеја тие да бидат дел и од прославите кај нас.

Ако одлучите да изнајмите чоколадна фонтана, она што најмногу ќе ве импресионира е вкусот на чоколадото. Како што ни кажа Марија, тие користат исклучиво белгиски бренд на чоколадо, кое е победник на повеќе европски и светски натпревари за квалитет.

“Ова чоколадо е произведено по софистицирана технологија од 100% природно какао и ванила на ниски температури на обработка, со што ги има задржано сите хранливи состојки вклучувајќи ги сите минерали, витамини и ензими кои се најбитни! Постојат 3 вида на ова чоколадо – млечно, бело и црно, и сите три вида им се достапни на нашите клиенти.”

 За самиот процес на работа на овие фонтани, Марија ни објасни дека станува збор за комплексни машини. “Машините поседуваат  термо сад во кој се става чоколадото, се загрева на одредена температура  која треба да варира од 40 до 50 степени. Оваа температура е идеална за чоколадото кое ние го користиме да стане течно. Откако ова ќе се случи, се вклучува моторот кој поседува пумпа која го крева чоколадото и уживањето започнува!” 

Засега се задоволни од интересот кој клинетите го покажуваат за нивниот производ.  “Квалитетот кој го нудиме создава нови нарачатели кои сакаат ова задоволство да биде дел од нивните веселби, но имајќи во предвид дека вложивме доста и во нашиот маркетинг, очекуваме уште поголем интерес во иднина”.

Што се однесува до цената за изнајмување, тоа зависи од барањата на клиентот, бројот на гости од кој и зависи количеството на чоколадо кое треба да се употреби. Исто така нудат и посебна декорација со овошје и колачиња, а обезбедуваат и коплетно послужување и асистирање на гостите.

“Чоколадна фонтана” можете да ги најдете и контактирате на нивната официјална фејсбук страница.