Секогаш внимава што и со кого јаде. Себе си се смета за исклучителен гурман кој повеќе сака да ја густира храната, отколку само да се нагнете. Обожава да седне со блиските во ресторан или во некоја скопска кафеана, за да касне нешто со сите нишани, од салатичка, преку некое вкусно главно јадење и со задолжителен десерт.

Но, поради обврските во последен период се поретко го практикува тој посебен ритуал. “Повеќе моето хранење се сведува на нарачана кинеска храна или она што најмногу ми пречи, а тоа е јадењето сам и јадењето било што колку да не чувствувам глад… Бидејќи имам доста динамично темпо и сам живеам, немам многу време за готвење или јадење на домашна храна, но затоа викендашки знам да си ги испочитувам сите мои сетила и да имам ручек кој ми ја компензира целата работна недела”.

На излегување од супермаркет во неговата кеса секогаш ќе најдете млеко, тестенини, кашкавал и смрзнат зеленчук. Вели дека ако во овој момент некој го отвори неговиот фрижидер во него ќе најде само вода, бидејќи ова е период од годината кога ретко се врти по дома, па затоа единствено нешто што мора да има дома е вода.

Димитар е човек кој сака да експериментира во кујната, но се обидува да не прави будалаштини, бидејќи според него не секогаш експериментот може да биде успешен. “Во такви ситуации секогаш порачувам, што си е сигурно, сигурно си е… Инаку најмногу сакам да мешам зачини, пред извесен период пробав и тоа успешно направив слатко-кисел сос, но сакам и да создавам некои рецепти кои мене ми изгледаат логични, а дали се секогаш вкусни, тоа не кажувам”.

Себе си се смета да доста пребирлив и има многу јадења кои не ги сака. Она што лично го изненадило е неговото прифаќање на макробиотската кујна која на почеток му била премногу нетипична и имал одбивност кон неа. “Но, сега сфаќам дека многу сум пропуштал. Освен што е здрава и полна со продукти кои дури не знам ни да ги изговорам, многу е вкусна за конзумирање”.

Има неколку земји во кои патувал кои особено ќе ги памети по вкусената храна. Во Франција ги пробал најубавите кроасани за кои вели дека е вкус кој моја да се доживее. Шпанија ќе ја памети по буритото и паељата, а САД по чудниот начин на кој го јадат јастогот кој има уникатен вкус и шмек.

Порано многу сакал да јаде благо, но сега внимава и гледа да го избегнува. “Којзнае колку е здраво и второ мислам дека ако продолжев да јадам многу благо, сите ќе знаевте за мојот проблем кој веќе ќе беше видлив”.

Ако од од нешто не би можел да се откаже тоа е месото. “Знам дека сега ќе ме осудат многу вегетаријанци и членови на Пета, ама што да правам. Како мал сум бил алергичен на месо и не сум смеел да го конзумирам, но затоа од тинејџерските години, и те како надокнадувам… “

Не е еден од оние кои имаат желба да пробуваат егзoтични јадења, као поховани скакулци или црви, но затоа има пробарано речиси се од морска храна. Најчуден вкус за него има месото од ража. “Најоткаченото нешто што го јадам се полжавите или пак жабјите батачиња кои редовно си ги дегустирам кај Амзо.”

Омилен пијалок нема. Изборот му варира од зависност од сезоната. Во зима преферира црно вино или нешто пожестоко, но без претерување, а во лето најчесто вода или бело вино во некоја посебна пригода. Бидејќи сака зачинета храна, ако планирате да го однесете на ручек, најзадоволен би било со нешто кинеско или мексичко.

Дневно мени

Доручек…. Мусли со јогурт или пак некое лиснато кое најчесто го јадам во Томато продукција каде и ми започнува работниот дел од денот…

Ручек…. Кога го имам дома ми е најубаво и најчесто се состои од некое месо со компир или ориз или пак тестенини, а кога не сум дома гледам да седнам некаде каде што знам дека храната и атмосферата ми се проверени…

Вечера …. Немам, но затоа пијам многу вода и гледам да пикнам некое овошје меѓу оброците