Ужива во различните вкусови. Жена која сака од се да проба, но во ништо да не претера. Не само поради линијата, туку поради фактот што брзо и се случува да изгустира некое јадење. Нејзиното мото е од се да проба, но по малку.

Како што вели самата со години воопшто не внимавала што јаде, ниту размислувала за калоричноста. Цели дваесет години има константна тежина од 52 килограма, без да вежба и да држи диети. Но последниве годни, се повеќе внимава што внесува во своето тело, за да изгледа соодветно на својот имиџ. Проучив се околу исхраната, нутриционизмот, калориите, комбинирањето на храната, детоксификацијата. Си создадов свој систем на здрава прехрана. Точно знам што ми одговара во однос на мојата крвна група и главно на тоа се придржувам. Одбегнувам се што дебелее. Вода пијам по два литра на ден, вежбам со тренер четири пати неделно

Утрото го почнува со голема шолја турско кафе, а во текот на денот пие неколку чаеви, најмногу зелен или од брусница. Користи исклучиво кафеав шеќер, не јаде ништо што има глутен и речиси никогаш не пие газирани сокови.

Од супермаркет Мелита не заминува без интегрален корнфлекс од Виталиа, од што се состои речиси секој нејзин појадок. Најголем зависник е од благо, односно десерти. Се пофали дека прави фантастични домашни торти и колачи.

На прашањето која е нејзината омилена национална кујна вели дека е тешко да се одговори на тоа прашање. “Потекнувам од српско семејство. Цел живот нашите софри биле преполни со српски специјалитети. Но, многу патувам, сум пробала разновидни национални јадења и бидејќи сакам промени, уживам во секоја храна. Ако морам да издвојувам покрај српската би ја издвоила и кинеската кујна”.

Што се однесува до тоа како треба да изгледа еден идеален фамилијарен ручек и што се треба да има на маса, Мелита вели дека е перфекционист и внимава на сите детали. Од изборот на салфети, прибор и чаши. Традиционалниот ручек подразбира супа, пред јадење, главно јадење, десерт. Ред кој го научила од нејзината мајка, на кој се придржува до денес.

Во принцип готвам одлично, а морам да го пофалам и мојот сопруг кој исто така е врвен кулинар, од кој имам многу научено. Си имаме подeлено кој што готви. Тој месо, а јас се останато, од тестенини, до разновидни рижота, до специјалитети од морски плодови, слатки. Кај мене кој дошол на ручек или вечера, здраво се прејал”.

Како голем подржувач и љубител на животните моравме да ја прашаме за нејзиниот став кон вегетаријанството. За неа вели дека е идеологија на вистинските почитувачи на животните. “Мислам дека само оние кои точно ја проучиле оваа област треба да го применуваат. Искрено им се восхитувам на вегетаријанците. Јас имам блокада кога треба да јадaм и сериозно го одбегнувам месото, но се уште не сум целосен вегетаријанец. Многумина ме осудуваат знаејќи ја мојата љубов кон животните, но не сум лицемерна и не лажам на таа тема.”

Најгрозното нешто што досега го пробала е на едно патување во Париз, каде нејзини пријатели и понудиле да проба некој врвен специјалитет. Тоа било недопечено месо, кое ниту можела да го проголта. “Морав да стане од маса и да го плукнам. Се посрамив, но тој вкус ќе го паметам цел живот.

Омилен пијалак: шампањ, вино, мохито.

Омилен ресторан: Воденица, Меана Б, Џино, Арабеска

Омилена храна: морска, лосос омилена риба

Омилена салата: рукола со пармезан

Идеален појадок: мусли со вкус на шумски плодови или суво овошје.

Ручек: секогаш различно, некогаш салати, понекогаш некој специјалитет.

Вечера: кога не можам да ја одбегнам, гледам да е диетална. Тоа не значи дека сум опседната со гладување. Знам да уживам во моите палачинки, пити или шпагети.