Подготовката на овој прекрасен розен колач трае помалку од половина час, но сечењето пред послужување дома кај Валентина траеше скоро 1 час.

Наједноставен розен колач

By Валентина Крстевска Published: January 17, 2014

    Подготовката на овој прекрасен розен колач трае помалку од половина час, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Искршете ги белото и црното чоколадо и оставете ги во 2 одвоени тањирчиња.
    2. 2.Ако користите пудинг од еден вкус, прашокот од кесичките растворете го во длабок сад со шеќерот и на вообичаен начин сварете го пудингот. Ако користите 2 различни вкусови на пудинг, сварете ги двата одвоено според упатството на кесичката, користејќи по 150 гр. од шеќерот за нивната подготовка. Јас користев само ванила вкус, затоа понатаму ја објаснувам подготовката според тоа како јас го подготвив колачот.
    3. 3.Во сварениот пудинг додајте го путерот и повремено промешувајте за да се стопи. Поделете ја смесата во 2 одвоени садови,па во едниот дел додадете го белото чоколадо, и мелените бисквити, а во другиот дел црното чоколадо и мелените лешници. Не треба да се чека да се ладат кремовите, веднаш се филуваат корите.
    4. 4.На правоаголен рамен тањир, ставете 1 розен кора, премачкајте ја со 6 лажици од темниот фил, врз неа ставете друга кора, неа премачкајте ја со 6 лажици од светлиот фил, па ова повторувајте го с`е додека двата фила не се потрошат, но последната поставена кора НЕ ТРЕБА да се филува.
    5. 5.Последната кора прекријте ја со најлонска фолија или целофан, преку неа ставете нешто тешко, пр. некоја не многу тешка книга или даска, внимавајќи притоа тешкиот предмет да ја покрива кората по целата површина. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 8 часа.
    6. 6.Пред сечењето на колачот, подгответе ја глазурата. Во сад над пареа,загрејте ги маслото и маргаринот, додајте го црното чоколадо и со врелата глазура прелијте го колачот. Бидејќи колачот е студен,а глазурата врела, многу бргу се стврднува,па затоа треба набрзина да ја измазнувате површината со голем нож или шпатула. По желба,со малку од глазурата може да исцртате шарички по површината.
    7. 7.Оставете го колачот околу половина час во фрижидер, потоа обележете ги линиите за сечење (кај мене парченцата се со димензија 4 х 2 см),а потоа со многу тенок остар долг нож исечете го колачот.