1. Месото кое сакате да го печете на скара не смее да биде тукушто извадено од фрижидер, бидејќи може да се случи во средината да остане ладно. Значи, се што оди на скара би требало да има собна температура. Исто така е важно дека пред печењето месото треба да биде сосема суво и без влага, а добро е сосема малку да се премачка со масло пред да се стави на решетката. Додавањето на сол и црн пипер во ваквото месо никако не треба да се прави пред печењето, туку дури откако месото ќе биде скоро готово. Причината за ова е што солта ја извлекува водата од месото, што значи дека од месото ќе истече сокот, па тоа ќе стане потврдо и помалку сочно.

2. Ако подготвувате некакви специјалитети од мелено месо (ќофтиња, плескавици и слично) обидете се презлите, лебот или компирот што вообичаено се мешаат со месото да ги замените со немасно крем сирење. На тој начин месото ќе биде многу “повоздушесто“, а да не спомнуваме  и помалку калорично.

3. Ако печете кокошка или пилешко месо и сте зависник од добро испечена и крцкава коричка, преливајте го месото со лимонов сок разблажен со малку вода додека се пече.

4. Ако сосот од печењето ви прегори и има малку горчлив вкус, извадете го месото од садот во кој се пече и истурете го сосот, а неместо него залијте го месото со малку супа од коцка во која сте измешале неколку супени лажици вино. Вратете го месото со новиот сос во рерната и печете додека месото не омекне.

5. Ако ви остане сос од печење, никако не го фрлајте. Наместо тоа, измешајте го со малку кисела павлака па ќе добиете вкусен прелив за варениот компир, ориз или тестенини кои можете да ги послужите како гарнир.

6. Ако месото или зеленчукот сакате да ги печете во алуминиумска фолија, наредете ги на сјајната страна на фолијата, а потоа внимателно подигнете ги и малку згужвајте ги краевите од фолијата, за да не ви истече сокот. Исто така, имајте предвид дека печењето во алуминиумска фолија трае малку подолго од печњето во обичен сад.

7. Ако месото неколку дена ви стоело во фрижидер и има попримено малку непријатен мирис, измијте го добро со ладна вода, а потоа оставете го да постои петнаесетина минути во заблажен чај од камилица.

8. Кога печете месо кое долго време ви стоело во ладилник, ставете покрај него неколку парчиња корен од целер додека го печете. На тој начин месото ќе биде повкусно.

9. Секое месо кое планирате да го пржите ќе биде многу повкусно и помеко ако претходно го оставите час или два да постои во млеко.

10. Ако пржите џигер, тој ќе биде помек и повкусен ако на секое парче пред пржењето сипете по неколку капки вински оцет. Исто така, џигерот никако не смее да се посоли пред пржењето бидејќи ќе биде жилав.