Контролирањето на телесната тежина значи воведување на мали промени во животните навики кои можете лесно да ги прифатите. Како што ги воведувате овие промени, така резултатите во контекст на намален број на калории, а со тоа и намален број на килограми стануваат се повидливи. Во продолжение ќе ги најдете 10-те најдобри навики кои лесно се прифаќаат и даваат и тоа како видливи резултати.

1. Проценете ги вашите навики во исхраната. Дали јадете доцна навечер, постојано грицкате и пробувате додека готвите или го довршувате она што децата го оставиле на своите чинии? Само малку размислете за она што (свесно или несвесно) го правите и ќе можете лесно да ги идентификувате изворите на проблемот со тежината, а со тоа и лесно да ги отстраните.

2. Ако не успевате да планирате, тогаш планирате да не успеете. Потребна ви е стратегија за секојдневен оброк и меѓуоброк. Спакувајте си здрави пакетчиња за секој момент од денот во кој знаете дека ве напаѓа глад и дека можете лесно да избегате од зацртаната патека.

3. Секогаш одете во шопинг со полн стомак. Одењето во пекара, на пример, кога сте гладни е вистински рецепт за катастрофа. Купувајте според претходно направена листа, со тоа импулсивните одлуки при купувањето на одредени производи ќе бидат намалени до минимум. Здравата исхрана започнува со полнењето на вашиот фрижидер или шпајз со здрави намирници.

4. Имајте редовни оброци. Откријте го распоредот на дневни оброци што вам најмногу ви одговара и држете се за него.

5. Јадете на маса и од посебна чинија. Ако правите нешто друго додека јадете или ако јадете директно од пакувањата, губите сметка за тоа колку навистина сте изеле. Концентрирајте се на храната во вашата чинија и уживајте во неа.

6. Не го оставајте тенџерето на масата. Послужете го јадењето во поединечни чинии уште во кујната, оставете го тенџерето на шпоретот или во рерната и јадете на раат во трпезаријата. Ако го гледате тенџерето пред вас, нема сомневање дека ќе посегнете по репете, а не заборавајте дека се потребни цели 20 минути за информацијата дека вашиот желудник е полн да стигне до вашиот мозок. Со други зборови, ќе се најадете многу побрзо одошто ќе станете свесни дека сте се најале.

7. Јадете бавно, добро џвакајте го секој залак и уживајте во вкусот на храната. Обидете се во текот на оброкот да ја спуштите вилушката покрај чинијата неколку пати. Напијте се голтка вода или кажете неколку реченици.

8. Немојте да јадете после вечерата. Ова е можеби најголемиот проблем. Ако сепак огладните, обидете се да се задоволите со парче овошје или некој ниско-калоричен пијалок. Миењето на забите веднаш по вечерата помага во намалувањето на предизвикот повторно да се фрлите на јадење.

9. Ако уживате во меѓу-оброци, третирајте ги како мини оброци, а не ужинки. Најздравата варијанта за ужинка би било нешто што содржи јаглехидрати и мало количество на протеини и масти.

10. Започнете го денот со појадок. Велат дека ова е најважниот оброк во денот бидејќи после ноќниот одмор, на вашето тело му е потребна енергија за да ви го забрза метаболизмот и да ви даде сила за дневните обврски и предизвици што ви претстојат.