Постои ли средство кое ги зајакнува коските, го подигнува имунитетот и ја намалува веројатноста за појава на шеќерна болест, висок притисок, срцев удар, рак, депресија, а уште згора на тоа, е и бесплатно?

Звучи фантастично, секако, но ваквото средство навистина постои и тоа е витаминот Д кој се добива при изложување на сонце.

Меѓутоа, она што е интересно, е дека и покрај неговата лесна достапност, сепак половината од жителите на светот имаат недостаток од овој витамин.

Витаминот Д е присутен во многу делови на организмот, каде влијае на голем број важни животни процеси. Одамна е познато дека овој витамин е важен за здравјето и за силата на коските, па и дека неговиот недостаток влијае на појавата и развојот на рахитис и остеопороза. Но, во поново време, забележана е и поврзаноста на недостатокот на витаминот Д со други болести како што се дијабетесот, болести на срцето и крвните садови, автоимуните болести, ослабувањето на менталните функции, па дури и со некои видови на рак. Затоа, важно е да се знае кои се придобивките кои витаминот Д му ги дава на организмот, и за што се е корисен.

1. Здрава кожа
Ако забележите дека кожата ви е бледа и без сјај, можно е да имате недостаток од витаминот Д. Со зголемување на дозата на витамин Д можат успешно да се намалат акните, да се зголеми еластичноста на кожата, да се поттикне произведувањето на колаген и да се ублажат темните флеки на кожата. Според истражувањата на Универзитетот Стенфорд, со внесување на витамин Д може да се намали опасноста од развој рак на кожата.


2. Рак на дојки

Високите количини на витамин Д во организмот се поврзани и со низок ризик на развој на рак на дојките. Едно истражување открило дека комбинацијата од витамин Д и калциум значително ја намалува веројатноста за појава на ова заболување, и тоа дури за 75%. Во половина од испитаните случаи, витаминот Д го спречил растот на веќе настанатите тумори на дојка.


3. Дијабетес

Децата кои во првата година од животот добиваат витамин Д3, во наредните 30 години имаат 80% помалку шанси од заболување од дијабетес тип 1. Истражувањата покажале дека витаминот Д го намалува ризикот и од дијабетес тип 2, особено ако се внесува во организмот заедно со калциум.


4. Кардиоваскуларни болести

Неколку ирски експерти кои го истражувале витаминот Д дошле до заклучок дека овој витамин позитивно делува на здравјето на срцето и крвните садови на тој начин што ги регулира хормоните кои влијаат на крвниот притисок и ја контролираат количината на калциум во крвта.

Слично истражување на Универзитетот Харвард покажало дека жените кои имаат ниски нивоа на витамин Д во крвта, имаат 67% поголеми шанси за појава на висок крвен притисок.


5. Слабост во мускулите

Слабост во мускулите обично се јавува поради недостаток на овој витамин, бидејќи без него, мускулите не можат да функционираат правилно. Витаминот Д е одговорен за апсорпцијата на калциум и фосфор во мускулите, кои пак служат за подобрување на мускулните контракции. Експертите велат дека со исхрана збогатена со витамин Д се развива поголема мускулна маса.


6. Хронични болести на бубрезите

Додавањето на витамин Д им е потребно на пациенти кои страдаат од напредна форма на болести на бубрезите, бидејќи организмот во вакви случаи, не може да произведе активна форма на витаминот Д.


7. Грип и настинки

Недостатокот од витамин Д носи и поголема подложност на болестите на дишните патипта. Истражувањата покажале дека внесувањето на витамин Д значително ги намалува шансите за развој на ваквите болести кај децата.

8. Астма
Недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемена осетливост на дишните патишта, послаба функција на белите дробови, и со засилени напади на астма. Витаминот Д може го намали интензитетот на овие напади. Имено, докажано е дека нападите на астма се многу послаби кај луѓето кои внесуваат 1200 ИУ витамин Д на дневна база.


9. Псоројаза

Истражувањата покажуваат дека витаминот Д е корисен и против псоријазта. Витаминот Д делува на тој начин што го успорува абнормалниот раст на клетките на кожата и ги намалува локалните воспаленија. Употребата на витаминот Д ја зголемува ефикасноста на другите третмани против псоријазата.


10. Парадентоза

Хроничната болест на непцата предизвикува отоци и крварење, но витаминот Д може да ги ублажи овие симптоми. Поголемата количина на витаминот Д создава соединенија кои имаат антимикробно делување и ги намалуваат воспалителните процеси во устата.


11. Деменција

Научниците утврдиле дека витаминот Д е поврзан со менталните способности на човекот. Истражувањата покажале дека лицата кои имаат најголеми количества на витамин Д во организмот исто така имаат и најдобри унствени способности, додека најлоши резултати покажале луѓето кои имале недостаток од овој витамин.


12. Депресија

Депресијата е исто така поврзана со недостатокот на витамин Д. Луѓето кои страдаат од депресија вообичаено се поврзани за домот и ретко излегуваат, не вежбаат и не се хранат добро, што може да доведе до недостаток од овој витамин. Вообичаено, ваквата состојба се подобрува кога ќе се зголеми внесот на витамин Д, бидејќи една од неговите функции е зголемувањето на нивото на серотонин во крвта, и тоа слично на начинот на кој делуваат и антидепресивите.


Како да добиете доволни количини на витамин Д?

Разумното изложување на сончева светлина (секако не во периодот помеѓу 12 и 16 часот) е едноставен и бесплатен начин да ги добиете оние количини на витамин Д кои му се потребни на вашиот организам. Сончањето навистина е моќна терапија, и нејзиниот ефект надминува голем број на терапии, но внимавајте.- сончајте се паметно!

Инаку, витаминот Д можете да го најдете и во некои видови на намирници, како на пример мрсните морски риби (лосос, сардина, туна), кавијар, производи од соја (тофу и соино млеко), јајца, млечни производи кои се вештачки збогатени со овој витамин, и секако – печурки.