Пивото е одличен пијалок кој успешно ја надокнадува водата и електролитите во организмот, па како таков е идеален во борбата против високите температури кои полека не навјасуваат, но е одличен и за брзо опоравување на организмот после поголема физичка активност, како спортување или шетање, бидејќи делува како изотоник. По ваквите напори сме жедни и таа жед не тера да ги надокнадиме течностите кои сме ги изгубиле со потење, а огромен број на нутриционисти препорачуваат течноста што се пие во таквите случаи да биде богата со минерали.

Истражувањата покажале дека пивото, ако се конзумира умерено секако, може на организмот да му ја врати изгубената течност и да обезбеди голем број од потребните минерали и витамини кои го регенерираат и освежуваат организмот, особено за време на жешките летни денови.

Најважната состојка во пивото е водата која претставува 92% од составот на пивото. Но, тоа има и други многу важни елементи како што се протеини и јаглени хидрати, минерали и аноргански материи. Токму овие елементи се одговорни за чувството на освежување кое пивото го предизвикува. Нутритивните и физиолошките влијанија се навистина многубројни, но еве некои од поважните фактори кои го прават пивото добро за нашето здравје:

1. Пивото ефикасно ја гаси жедта.

2. Пивото го поттикнува лачењето на желудочните сокови и го подобрува варењето.

3. Делува диуретски, бидејќи го поттикнува исфрлањето на течностите кои се задржуваат во организмот.

4. Пивото не придонесува за дебелеење. Напротив, тоа е нискокалорично, па негова умерена консумација се препорачува и како дел од редукциските диети.

Сепак, имајте во предвид дека, во зависност од телесната тежина, не се препорачува конзумирање на повеќе од две или три мали шишиња пиво (0.33 л) дневно покрај оброците и тоа за мажи, додека за жените количината би требало да биде дупло помала.