Поголемиот број на луѓе претпоставува дека месото, живината, јајцата и млечните производи се најдобрите извори за добивање на дневната протеинска доза. Но, постојат и други производи од веганско потекло кои се исто така богати извори на протеини.

1. Грав

Пола шолјичка црн грав од конзерва има само 110 калории и 1 грам маснотија, но и 7 грама протеини. Можете да користите и некои протеински комбинации, како што се гравот и оризот. Ако го искомбинирате гравот со ориз или со пченка, ќе добиете и некои аминокиселини кои обично се добиваат од протеини со животинско потекло, а им недостасуваат на голем број на протеини од растително потекло.

2. Киноа

Четвртина шолјичка неварена киноа има 170 калории, 2,5 грама маснотија и 7 грама протеини. Покрај тоа, ова е и единствената житарица која е позната како комплетен протеин – таа ги соджи сите важни аминокиселини.

Додека гравот треба да се комбинира со други производи за да ви даде совршени протеини, киноата ги содржи сите потребни работи кои ги добивате со јадење на месо.

3. Тофу

Уште еден вегетаријански стандард – тофу, кое се добива од плодовите на сојата, има само 94 калории, 5 грама маснотии и 10 грама протеини во порција од половина шолјичка. Може да се најде во многу различни форми, а најмногу се користи поради својата способност на упива различни вкусови.

4. Темпех

Излезете малку од рутината на користење на тофу и пробајте темпех. Тоа е разновидна, цврсто структурирана, варена соја, и претставува комплетен протеин, исто како и киноата. Половина шолјичка темпех содржи 160 калории и 15 грма протеини, но има и малку повеќе масти (9 грама).

5. Јаткасти плодови

Иако луѓето обично ги избегнуваат овие залачиња богати со калории и масти, јаткастите плодови се преполни со хранливи состојки, влакна и протеини (во порција од 28 грама бадеми има 6 грама протеини). Ви предлагаме овие плодови да ги користите како нешто повеќе од мал и брз оброк. Обидете се да користите пржени бадеми или индиски ореви во пржена мешавина од зеленчук (на азиски начин) или пак да користите мелени бадеми кои можете да ги додадете во буквално секое јадење.