Без разлика на тоа дали се работи за запаление на мускулите после напор, почеток на настинка, или за едноставно будење на погршната страна од креветот, истражувањата велат дека внесувањето на одредена храна како додаток на таблети и лекови може да биде и тоа како корисна.

Верувале или не, здравото овошје, зеленчук и житариците во исхраната прават многу повеќе за организмот покрај тоа што го хранат. За многу од овие намирници се смета дека имаат против-воспалителни својства. Понекогаш запалението е добро – го штити телото кога е повредено – но истото може да биде и многу болно. Од друга страна, некои намирници се поврзуваат токму со појавата на воспаленија и такви се јајцата, чоколадата, пченицата, месото и пченката. Во продолжение ви даваме листа на 5 намирници кои можат да делуваат на намалување на болката.

1. Ѓумбир

Ѓумбирот е практично чудо од корен. Помага во борбата против мачнини со своите анти-воспалителни својства. Едно истражување дури покажало дека ѓумбирот е многу ефективен и во ублажувањето на менструалните болки. А за да биде работата уште подобра, ѓумбирот може да се подготви и конзумира на многу различни начини: во чај, во млеко, различни манџички и супи, па дури и колачи.

2. Лосос

Не само што е вкусен и квалитетен извор на протеини, лососот има и многу омега-3 масни киселини кои докажано ги намалуваат болките предизвикани од артритис (особено во вратот и грбот). Едно истражување покажало дека овие киселини можат да предизвикаат исто олеснување како и да сте се напиле бруфен или аналгин. Затоа, вклучете ги овие киселини во исхраната и барем 1 неделно јадете печен лосос.

3. Кафе

Еве уште една причина зошто да се почестите со уште една шолја кафе. Истражувањата покажуваат дека кофеинот може да ги намали болките од повреди и запаленија на мускулите. Освен тоа, ако шолја кафе се искомбинира со обични таблети за намалување на болки, ефектот на таблетите се зголемува и болката побрзо исчезнува.

4. Цреши

Црешите се добри за повеќе работи. Помагаат во лечењето на артритисот, особено оној кој е изразен со отоци, жештина, црвени зглобови. Освен тоа, одлични се и за луѓе кои физички се напрегаат, или за спортисти. Едно истражување покажало дека ако пиете сок од цреши седум дена пред да се изложите на еџктензивен физички напор, болките во мускулите ќе ви бидат значително послаби.

5. Портокали

Додека витаминот Ц помага во спречувањето на настинки и респираторни инфекции, антиоксидантот наречен бета-криптоксантин кој го има во портокалите помага при намалувањето на ризикот од појава на артритис и реума. Затоа е добро барем еднаш дневно да изедете цел портокал или да се напиете свежо исцеден сок од портокали.