Повеќето од нас не знаат да објаснат зошто во тешки емоционални ситуации посегнуваат по кекси, колачи, чоколадо, пудинг… Многумина веруваат дека овие намирници им помагаат едноставно затоа што имаат одличен вкус. Но, тоа е само една од причините.

Всушност, ваквата храна не привлекува затоа што содржи материи кои го подигнуваат расположението, а тоа се едноставни јаглехидрати, односно моносахариди и дисахариди- во секојдневниот говор познати како шеќери.

Потребата за серотонин

Во нашиот организам, шеќерите или едноставните јаглехидрати започнуваат низа хемиски процеси кои водат до зголемивуање на нивото на серотонин во организмот. Голем број испитувања на оваа тема покажале дека ниското ниво на серотонин е една од главните причини за појава на желбата за слатко.

Серотонинот е невротрансмитер кој создава чувство на мир и задоволство. Колку повеќе серотонин имаме во организмот, толку подобро се чувствуваме. Поради ова, кога ни е потребно брзо зголемување на нивото на серотонин, бараме храна која е богата со шеќери.

За жал, и премногу често го наоѓаме серотонинот во  преработени намирници кои содржат многу калории и малку хранливи материи. Претераното конзумирање на храна која содржи вакви едноставни јаглехидрати или шеќери може да предизвика голем број на здравствени проблеми, меѓу кои и дијабетес, прекумерна телесна тежина, болести на срцето и крвните садови. И не само тоа, докажано е дека конзумирањето на обичен бел шеќер го оштетува црниот дроб, ја пореметува работата на хормоналниот систем и го зголемува ризикот од рак.

Волшебниот круг

Ако премногу и попуштиме на желбата за шеќер во преработена храна, предизвикуваме брз пораст, а потоа и брз пад на нивото на глукоза во крвта. Ова нагло опаѓање на глукозата поттикнува уште поголема потеба за шеќер, па така се создава еден волшебен круг кој може да се прекине само ако се конзумира здрава храна која ја намалува потребата за шеќер.

Во продолжение ви даваме листа на намирници кои можат да ја задоволат вашата потреба за слатко, без штетни последици по вашето здравје.

1. Домати

Доматите се ефикасни против желбата за шеќер бидејќи содржат високо количество на триптофан – материја која организмот ја претвора во серотонин. Доматите се исто така богати и со хром, минерал кој ја намалува потребата за храна, а го регулира и холестеролот и нивото на глукоза во крвта.

2. Јаболко

Едно од најдобрите овошја кои можат одлично да ја задоволат вашата потреба за слатко е јаболкото. Лесно можете секогаш да ја носите со себе, и не е потребно да ја лупите или сечкате како многу други овошја. Дури и киселите сорти на јаболки содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато и со прехранбени влакна кои даваат чувство на ситост и ја намалуваат желбата за јадење.

3. Пченка (шеќерец)

Шеќерната пченка е уште една здрава намирница која може да ви помогне во “одвикнувањето од слатки“. Особено добро ја намалува потребата за слатко кога се конзумира варена. Изобилува со антиоксиданти, витамини, минерали и прехранбени влакна. Исто како и јаболкото, освен што ја намалува желбата за слатко, ја намалува и желбата за јадење, односно брзо предизвикува чувство на ситост.

4. Сладок компир

Уште еден зеленчук кој може многу да ви помогне во одвикнувањето од слатки е слаткиот компир (патата). Одличен е не само поради тоа што ја задоволува потребата на организмот за шеќер, туку и поради тоа изобилува со витамините Ц, Д и Б6. Хранливите материи кои ги има во слаткиот компир можат да спречат различни болести на срцето, рак, како и други дегенеративни болести.

5. Цимет

Циметот е фантастичен зачин кој има одличен вкус и мирис, па може да се додаде во многу јадења. Тој ги спречува наглите осцилации на нивото на глукоза во организмот кои придонесуваат за зголемување на потребата за шеќер, и со тоа ја одложуваат потребата за внесување на нови порции шеќер.

За крај, само да споменеме уште еднаш дека сите овие намирници не само што ја намалуваат вашата потреба за слатко, туку и го подобруваат вашето здравје и ја чуваат вашата витка линија.