Утринскиот ритуал на правење кафе, додека уште ни очите не ни се отворени докрај, им е познат на милиони луѓе во светот. Богатиот и освежувачки вкус на свежото, топло кафе, секогаш ни помага да се чувствуваме подобро, и тоа веќе при првата голтка. Покрај тоа што не освежува, добра страна на кафето е и тоа што има многу малку калории (освен ако не ја пиете со млеко и шеќер). Постојат голем број на истражувања кои се посветени токму на кафето, но еве 5 важни причини зошто кафето ви е добар пријател.

Кафето е добро за луѓе кои страдаат од дијабетес

Антиоксидантите во кафето играат многу важна улога, а тоа е подобрување на функцијата на инсулинот кој го регулира нивото на шеќерот во крвта. Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат по 4 или повеќе шолјички кафе дневно имаат помалку шанси за добивање на дијабетес тип 2. Друго истражување, пак, покажало дека кофеинот во поголеми количини може да влијае на сензибилноста на инсулинот, па затоа, ако веќе пиете повеќе кафе во текот на денот, барем некоја шолјичка нека биде безкофеинска.

Кафето го штити срцето

Ако конзумирате кафе во умерени количини (1 до 3 шолји) дневно, тогаш шансите за добивање на срцев удар значително се намалуваат во однос на луѓето кои воопшто не конзумираат кафе. Причината за ова се антиоксидантите кои ги има во кафето. Овие антиоксиданти можат да помогнат во избегнување на штетните ефекти од запаленија на артериите. Веднаш по пиењето на кафето, вашиот притисок и бројот на отчукувања на срцето се зголемуваат, што на подолги патеки може да доведе до намалување на притисокот, бидејќи антиоксидантите содржат азотен оксид кој ги проширува вените.

Кафето е одлично за џигерот

Иако истражувањата во оваа област се прилично ограничени, сепак оние кои ги има покажуваат дека со конзумирање на кафе се намалува ризикот од заболување од цироза или од некоја друга болест на џигерот. Анализата направена во 9 различни истражувања покажала дека две шолјички кафе дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на џигерот за дури 43%. Причината за ова се повторно, антиоксидантите, но и кофеинот.

Кафето помага при главоболки

Кафето помага во отстранувањето на главоболките. Истражувањата покажале дека 200 мг кофеин со сигурност делува против главоболката. Сепак, не е сосема јасно како кафето помага во ова. Научниците досега имаат потврдено дека кофеинот ја зголемува активноста на мозочните ќелии, и го поттикнува стегнувањето на крвните садови. Една од теориите е дека токму ова стегнување на крвните садови помага во намалувањето на притисокот кој создава болка.

Кафето ја подобрува работата на мозокот

Истражувањата покажуваат дека пиењето на 1 до 3 шолјички кафе дневно значително го намалува ризикот од појава на деменција, Паркинсонова или Алцхајмерова болест. Антиоксидантите ги чуваат мозочните ќелии од оштетувања, и им помагаат на неуротрансмитерите во извршувањето на когнитивните функции.