Некои луѓе едноставно го сакаат црвеното месо. Тоа е здрава и хранлива намирница која треба да биде вклучена во секоја исхрана Еве 5 важни причини зошто црвеното месо треба да се конзумира.

Протеини – Црвеното месо е извор на високо-квалитетен, комплетен протеин, чија улога е особено важна за создавањето на енергија која им  потребна на мускулите за да се развиваат и растат. Црвеното месо вообичаено има 20-25% протеини, што значи дека со конзумирање на 100 г месо, внесувате околу 20-25 г протеини.

Витамин Б – Црвеното месо е богато со витамини од групата Б, вклучувајќи го тука и витаминот Б12. Овие витамини му се потребни на организмот за поддршка на здравиот метаболизам, за имунолошкиот систем,  а имаат голема улога и во одржувањето и сочувувањето на здравјето на кожата и косата. Б витамините се исто така важни и за општата физичка и емоционална добросостојба, па неретко, недостатокот на овие витамини води до појава на депресија.

КЛК (конјугирана линолна киселина) – Истражувањата покажуваат дека КЛК може да биде исклучиво корисна во борбата против ракот, срцевите болести, запаленијата, хипертензијата и уште многу други заболувања.

Стеарински киселини – Веројатно мислите дека мастите кои се наоѓаат во црвеното месо се 100% заситени масти. Говедската маст е составена од околу 50% мононезаситени киселини, од кои 90% отпаѓаат на олеинска киселина. Тоа е истата маснотија која се наоѓа во маслиновото масло и вообичаено придонесува за намалување на лошиот холестерол. Околу третина од заситените масти в црвеното месо е стеаринска киселина, која исто така го зголемува добриот холестерол, а не делува на лошиот. Црвеното месо содржи и околу 4% полинезаситени маснотии со истиот ефект како и стеаринската киселина. Луѓето кои внесуваат помалку јаглехидрати, а повеќе црвено месо, многу често забележуваат значително опаѓање на лошиот холестерол, а и на нивото на триглицеридите.

Производство на тестостерон – За производството на тестостерон е потребна маснотија. Немојте да бидете изненадени ако видите луѓе кои се на диета со ниско ниво на масти како се шетаат без ентузијазам, виталност и скоро без енергија.

За крај само би додале дека во црвеното месо има креатин, железо, цинк, и многу други хранливи материи. Само треба да пронајдете квалитетно црвено месо и да го вклучите во својата исхрана. Но внимавајте, ова не значи дека треба да јадете црвено месо буквално секој ден, бидејќи и прекумерната конзумација е исто толку штетна колку и недостатокот на истата.