Одредени намирници се полни со витамини и минерали, па нивното конзумирање ви обезбедува голем број придобивки за здравјето на целиот организам. Еве неколку такви супер здрави намирници.

Заштитете ја кожата со помош на јагоди

Само една чинија јагоди му обезбедува на телото 130% од препорачаната дневна количина на витамин Ц. Овој витамин е многу важен за производството на колаген, кој на кожата делува така што и обезбедува цврстина.

Намалете ја болката во мускулите со помош на цреши

Црешите содржат киселини кои делуваат против воспаленија, и кои истовремено ја ублажуваат болката во мускулите која се јавува како резултат на зголемена физичка активност.

Поправете го видот со спанаќ

Една рака спанаќ содржи голема количина на бета каротен, кој е богат извор на витаминот А, инаку неопходен за здравјето на очите.

Поттикнете ја циркулацијата со снегулки

Пченицата содржи аминокиселина аргинин која за поттикнува циркулацијата, па затоа пченичните снегулки делуваат на системот за варење на сличен начин. Подобрата циркулација може да го намали холестеролот, но и да го стимулира либидото.

Подобрете го здивот со цимет

Овој зачин ги уништува бактериите кои се наоѓаат на јазикот и во усната шуплина, па на тој начин го подобрува здивот.