Најздравите намириници, кои според наодите на бројни истражувања човекот би требало секојдневно да ги конзумира, се во принцип ефитни и лесно достапни за сите, но има и такви за кои вреди да се даде некој денар повеќе. Ви ги претставуваме петте намирници кои се екстремно богати со антиоксиданси, витамини и минерали, и кои би требало да ги имате во исхраната буквално секој ден.

Домат. Доматите кои содржат ликопен (силен антиоксиданс) се неизоставен дел од нашата секојдневна трпеза, и така треба и да биде. Некои истражувања покажуваат дека просечен човек годишно јаде околу 30 килограми домати во различни јадења и салати. Доматите се ефтини и можат лесно да се набават во различни форми: свежи, во конзерва, па дури и сушени. Лековитата вредност на доматот не се губи со неговата термичка обработка, а ликопенот, инаку каротеноид кој му ја дава црвената боја на доматот, е еден од најдобрите природни лекови против рак на дојка и простата. Доматите се исто така богати и со витамините А и Ц, а содржат и влакна кои се неопходни за здраво варење на храната.

Јогурт. Овој млечен прозивод кој можеме да го најдеме во скоро секој фрижидер, е богат со калциум и пробиотски култури кои го регулираат варењето на храната, го намалуваат холестеролот и го зајакнуваат имунолошкиот систем на организмот. Исто така, јогуртот е богат и со протеини и витамин Б12.

Авокадо. Иако е егзотично овошје, денес може да се најде во скоро сите поголеми и подобро снабдени маркети. Ова овошје е многу богато со калиум и глутатион, инаку есенцијален нутритиент кој ги уништува слободните радикали во организмот. Авокадото содржи и незаситени масти кои го зголемуваат “добриот холестерол“ во крвта, како и големи количества на витамин Е кој ги штити клетките од стареење. Сепак, иако авокадото е многу здраво, сепак треба да се конзумира умерено, поради количеството на масти кои ги содржи.

Зелен лиснат зеленчук. Покрај млечните производи, најбогат извор на калиум кој е пресуден за здравјето на коските, забите и го намалува ризикот од остеопороза е токму ваквиот зеленчук. Покрај калиумот, спанаќот, блитвата и зелената салата содржат и големи количества на витамини А и Ц, како и многу други важни витамини.

Лосос. Иако се сложуваат дека е дефинитивно досадно секој ден на чинијата да имате риба, нутриционистите велат дека во случајот на лососот сепак треба да се направи исклучок и секој ден да се јаде барем едно мало парче од оваа риба. Лососот е масна риба која е богата со често споменуваните Омега 3 масни киселини кои телото не може да ги произведе, па се внесуваат само по пат на исхрана. Овие киселини се клучен фактор во борбата против болестите на срцето, крвотокот, различни дегенеративни болести и голем број на воспаленија. Лососот, меѓу другото, е богат и со голем број на витамини од Б комплексот, магнезиум, фосфор и протеини.