Додека настојувате да изгубите некој килограм или да си ја задржите формата, немојте да заборавите дека постои нешто што луѓето често го занемаруваат, а тоа се течните калории. Ако јадете здрава храна во текот на целиот ден, а пиете готови сокови, можете да си додадете од 500 до 800 непотребни калории дневно, калории кои обично содржат вештачки шеќери и засладувачи. А ако мислите дека можете да пиете само вода додека сте на диета, грешите, бидејќи имате и друга опција. Чајот има многу предности и одличен вкус, а нема додатни калории.

1. Чајот има многу антиоксиданти

Чајот содржи големо количество на фитонутриенти како на пример антиоксиданти. Флавоноидите кои ги има во црниот и зелениот чај помагаат да се одржи здравјето на клетките и придонесуваат за подобрување на функцијата на кардиоваскуларниот систем. Чајот помага и во зајакнувањето на имунолошкиот систем бидејќи му помага на организмот да се брани од бактерии, слободни радикали, вируси и грип. Едно неодамнешно истражување извршено во Харвард покажало дека луѓето кои пијат 5 шолји чај дневно се способни 5 пати побрзо да ја победат настинката отколку луѓето кои пијат кафе.

2. Чајот помага во губењето на килограми

Огромен број на луѓе секојдневно внимаваат на тоа што и колку јадат, но сепак го расипуваат учинокот на диетата или здравиот начин на исхрана со тоа што пијат сокови, кафе, или енергетски пијалоци. Чајот од друга страна, обезбедува одличен вкус и без никакви додатни калории.

Истражувањата покажуваат дека катехинот (флаван-3-ол, инаку вид на природен фенол и антиоксидант), а посебно ЕГЦГ (вид на катехин) кои се наоѓа во зелениот чај, може да предизвика губење на килограми преку стимулирање на организмот да ги согорува калориите и преку намалување на масните наслаги. Катехините имаат анти-воспалителни и невро-заштитни својства кои помагаат во регулирањето на внесот на храна. Во едно истражување извршено неодамна во Јапонија, 38 здрави луѓе биле поделени во две групи и ја јаделе истата храна, но едната група пиела и по едно шише чај со 690 мг катехин дневно. После 12 недели, телесната тежина, обемот на струкот, и телесните масни наслаги значително се намалиле кај луѓето кои пиеле зелен чај покрај храната.

3. Чајот го подобрува метаболизмот

Ако пиете зелен чај, ги користите комбинираните предности на кофеинот и катехинот, што го подобрува метаболизмот во траење од неколку часа. Истражувањата покажуваат дека пиењето на 2 до 4 шолји чај може да го натера телото да согори 17% повеќе калории од она што би се изгубило со секојдневно умерено вежбање. Зелениот чај ја стимулира оксидацијата.

4. Чајот го намалува ризикот од болести кои се појавуваат како резултат на исцрпеност или пренапрегнатост

Едно истражување извршено во Холандија покажало дека 800 постари граѓани кои пиеле по 3-4 шолји чај дневно го намалиле ризикот од срцеви болести за 58%. Фалвоноидите кои се наоѓаат во чајот можат да ја намалат тенденцијата на тромбоцитите да останат заедно што доведува до појава на срцеви и мозочни удари. Црниот и зелениот чак можат да го спречат или одложат појавувањето на тумори, особено тумори на кожата, белите дробови, желудникот, дебелото црево. Исто така, црниот и зелениот чај можат да влијаат и на спречување на проблеми со крвниот притисок, особено ако се конзумираат во текот на оброците, заедно со храната, а не на празен желудник.

5. Различни видови на чаеви

Зелен чај – одличен за намалување на холестеролот, согорување на масти, спречување на дијабетес и удари….

Црн чај – му помага на срцето, ја спречува појавата на рак, го стимулира имунолошкиот систем, го смирува артритисот, помага во борбата против вируси и е одличен за детоксикација.

Бел чај – има најголемо количество на антиоксиданти, штити од рак, болести на срцето, мозочни удари, ја зајакнува циркулацијата и имунолошкиот систем, го одржува здравјето на кожата.

Црвен чај – содржи магнезиум кој е потребен за одржување на здравјето на нервниот систем, ја зголемува апсорпцијата на железо во крвта, содржи калиум и минерали од бакар кои се потребни за голем број на функции, делува како седатив и ја намалува нервозата.