Лимонадата е позната по своето позитивно дејство на имунолошкиот систем, и не само што може да ви помогне да го зајакнете имунитетот, туку има голема улога и во борбата против хроничните заболувања и малаксаноста. Многумина велат дека лимонот е една од најздравите намирници, и тоа поради фактот што тој содржи витамин Ц, биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамин А, Б1, Б6, калциум, магнезиум и фосфор. Ако не сакате да пиете лимонада поради приказните дека таа и штети на забната ѓлеѓ, имаме совет за вас. Веднаш штом ќе ја испиете лимонадата, исперете ја устата со вода, почекајте околу половина час, а потоа измијте ги забите со паста.

Во продолжение ви даваме листа на 5 здравствени проблеми кои можете да ги решите со помош на домашно направена лимонада.

1. Камења во бубрезите

Камењата во бубрезите се појавуваат кога урината содржи премногу соли и недоволно потребни супстанци како што е цитратот. Лимоновиот сок содржи околу 8% лимонска киселина, и поради тоа е добар за филтрирање на бубрезите, а препорачливо е дневно да се испие половина чаша сок од лимон разредена со 7 чаши вода. Можете сокот да го засладите со вештачки засладувачи (препорачуваме стевиа) и да го конзумирате секој ден. Освен тоа, би требало да го намалите и внесот на сол во организмот, како и да го зголемите внесот на риба и вода.

2. Артритис

Киселината која се наоѓа во поголемиот дел од ткивата во организмот, па така и во зглобовите, се кристализира во натриум урат во 95% од случаите, што од друга страна, предизвикува артритис. За да се намали болката, вкочанетоста и запаленијата, треба да конзумирате сок од лимон. Исцедете го сокот од половина лимон во една чаша со вода и испијте ја пред секој оброк. Пијте незасладена лимонада секој ден пред секој оброк, а исто така и пред спиење.

3. Дијареа

Може да биде предизвикана од многу фактори, како на пример недоволен внес на течности во организмот, или преголем внес на млечни производи. За третирање на дијареата се препорачува конзумирање на една супена лажица сок од лимон измешана со чаша млака или топла вода. Додадете и една лажица мед и конзумирајте го тоа повеќе пати во текот на денот.

4. Чувствителен желудник

Конзумирате количински големи оброци, а тоа му штети на вашиот желудник. Ако ве мачат киселини и надуеност, би требало да земете нешто што ќе ви помогне во процесот на варење на храната, а тоа е киселината која ја содржи сокот од лимон. Измешајте го сокот од половина лимон со половина лажичка сода бикарбона во една чаша вода. Ова навистина функционира.

5. Болки во грлото

Лимонската киселина и витаминот Ц му даваат на лимонот антибактериски својства, што помага во ублажувањето на запаленијата. Лимоновиот сок исто така го зајакнува имунитетот. Затоа, следниот пат кога грлото ќе почне да ве гребе, обидете се да ја ублажите болката и да ги исфрлите бактериите со помош на лимонот. Исцедете го сокот од еден лимон во чаша. Дополнете ја со топла вода и добро измешајте. Конзумирајте ја оваа течност неколку пати во текот на денот.