Сите знаеме дека здравата и добро балансирана исхрана ни овозможува здрава линија, помага во превенцијата на различни болести, не прави да изгледаме и да се чувствуваме подобро и помладо …. и листата продолжува. Се трудиме да ги изфрлиме лошите и нездрави продукти од нашата исхрана и да се фокусираме на оние кои се добри и здрави. Но, под етикетите за немасни продукти и продукти со малку маснотии се кријат продукти кои се полни со сол, шеќер и јаглехидрати кои во поголеми количини можат да бидат исто толку штетни за организмот. Во продолжение ви донесуваме листа од 6 нездрави продукти кои се спакувани во “здрава“ амбалажа.

Јогурти со различни вкусови

Многу режими на прехрана со малку маснотии (диети) препорачуваат здрави меѓуоброци меѓу кои често се среќава јогуртот, и тоа со право. Обичниот јогурт содржи малку шеќери и е преполн со пробиотици кои му помагаат на варењето. Меѓу другите добри работи, во јогуртот се наоѓаат и калциум, калиум и витамин Д. Затоа, бидете уверени дека кога станува збор за обичен јогурт, изборот и не е толку важен. Но, имајте предвид дека овошните и детските јогурти многу често имаат многу шеќерен сируп чија конзумација е далеку од диетална. Затоа, користете обичен јогурт, а ако сакате посебен вкус, додадете во јогуртот парчиња свежо овошје или обични пченкарни снегулки.

Смрзната храна

Се обидувате да избегнувате нездрава храна и сте убедени дека го имате пронајдено решението во готовите смрзанти оброци. Само ја читате етикетата за да се уверите дека јадењето ги содржи сите здрави намирници кои ви се потребни, а потоа го подгревате во микробранова печка. Но, вистината е малку поинаква. Ваквите јадења содржат многу сол и јаглехидрати, но најважно од се, полни се со конзерванси. Затоа, заборавете на ваквите оброци. Сами подгответе си ја храната. Така секогаш ќе бидете сигурни што точно јадете, и има многу здрави рецепти кои бараат само 15 или 20 минути од вашето време.

Овошен сок

Чаша сок од портокали наутро е препорачлива доза на витамини, но пиењето на поголеми количества на готови овошни сокови во текот на денот само ве полни со непотребни калории и шеќери. Затоа, сами исцедете портокал, лимон, грејпфрут, или направете некоја здрава мешавина во домашниот соковник и откажете се од готовите сокови.

Немасни мафини

Не би јаделе торта за доручек, па дури и ако е “немасна“ нели? “Немасните“ мафини во суштина можат да содржат повеќе калории од парче торта и повеќе шеќери од свежо печени колачи. Нездравата храна како оваа не е начин на кој би требало да го започнете утрото, а сигурно и нема да ве држи сити до ручекот.

Чикенбургер

Не е лошо малку да намалите со внесот на црвено месо, но ако тоа го правите на тој начин што хамбургерот ќе го замените со чикенбургер, нема далеку да отидете. Ако ништо друго, тие се често преполни со сол, дури и без нездравата порција на пржени компирчиња.

Снек пакувања од 100 калории

Да, знаете дека ќесичка полна со немасни крекери или кекси и не е баш здрав меѓуоброк, но мислите дека не грешите баш толку многу. Не сте во право. Со голтање на празни калории, дури и ако се само 100, само ќе бидете уште погладни бидејќи единствено што добивате се шеќер, сол и јаглехидрати. Затоа, наместо ваквите нездрави пакувања, подгответе си сами мали снек оброчиња од несолени јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) и суво овошје и ќе бидете повеќе од подготвени да се соочите со следниот напад на глад.