1. Јогурт=витка линија

Според едно истражување направено на Универзитетот на Тенеси, лицата кои дневно конзумирале 500 г јогурт (секако, во комбинација со намален внес на калории) изгубиле 22% повеќе на тежина, и 81% повеќе од маснотиите наталожени во пределот околу стомакот од лицата кои не конзумирале јогурт. Со внесувањето на јогурт, во организмот се внесува калиум кој сигнализира излачувањето на хормонот кортизол да се намали што го олеснува слабеењето, додека аминокиселините помагаат во топењето на масните киселини.

2. Повеќето јогурти содржат добри бактерии

Ако јогуртот е означен со “активна култура“ на пакувањето, тоа значи дека во него се наоѓаат пробиотици, односно добри бактерии кои живеат во системот за варење и помагаат во исфрлањето на штетните микроорганизми од телото. Сепак, некои компании произведуваат јогурт кој поминува пост-пастеризирачки процес во кој се уништуваат сите бактерии.

Денес постојат многу видови на јогурт кои помагаат во регулирање на варењето или во зајакнувањето на имунитетот. Ако имате здравствени проблеми, како пролив или надуеност, не е лошо да се обидете да ги пиете овие посебни видови јогурт во текот на неколку недели и да видите дали ќе ви помогнат во решавањето на проблемот.

3. Јогуртот е полн со витамини

Само една чаша јогурт е значаен извор на калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк и витамин Б5. Јогуртот исто така содржи и витамин Б12, чија задача е да ги чува црвените крвни зрнца и да помага во зачувувањето на здравјето на нервниот систем. Вообичаените извори на витамин Б12 се производите од животинско потекло, како риба и пилешко месо, па затоа атрогите вегетаријанци често страдаат од недостаток на овој витамин. Внесувањето на поголемо количество на јогурт може да го поправи овој недостаток бидејќи 220 г јогурт содржат 1.4 мг од овој витамин, што претставува 60% од препорачаната дневна количина за жени.

4. Една чаша јогурт дневно помага за побрзо опоравување од физички напор

Бидејќи содржи добар однос на протеини и јаглехидрати, јогуртот е одличен избор после секој физички напор. Притоа, совршено време за вашата чаша јогурт е во период од 60 минути по завршувањето на физичката активност или работа. Протеините ги обезбедуваат аминокиселините кои се неопходни за опоравувањето на мускулите, а јаглехидратите ги обновуваат испразнетите енергетски залихи. За подобар ефект, можете јогуртот да го конзумирате во комбинација со вода. Протеините од јогуртот им помагаат на цревата да ја апсорбираат водата, а тоа позитивно делува на хидратацијата на целиот организам.

5. Кога се во прашање калциумот и витаминот Д, сите јогурти не се исти

Бидејќи калциумот природно се наоѓа во јогуртот, логично е да се помисли дека неговата количина е иста во сите јогурти, без разлика на видот и производителот. Меѓутоа, нивото на калциум варира од еден до друг јогурт, па затоа внимателно прочитајте го составот наведен на пакувањето. Количината на калциум зависи од процесот на обработка, односно производство на јогуртот. Витаминот Д пак, природно не се наоѓа во јогуртот, но голем број на произведувачи го додаваат токму поради тоа што ја подобрува апсорпцијата на калциумот од страна на организмот.

6. Јогуртот помага во спречување на висок крвен притисок

Повеќето од нас (околу 70%) секојдневно конзумира дупло, па дури и повеќе, од препорачаната доза на сол. Со текот на времето, тоа резултира со висок крвен притисок, болести на бубрезите и на срцето. Калиумот во јогуртот помага во исфрлувањето на вишокот сол од организмот. Едно истражување покажало дека лицата кои дневно конзумирале по 2 или повеќе чаши јогурт го намалиле ризикот од појавување на висок крвен притисок за 54%, за разлика од лицата кои пиеле по една чаша јогурт дневно или воопшто не пиеле.

7. Јогуртот ги брка настинките

Според истражувањата спроведени на Универзитетот во Виена, сезоната на грипови и настинки можете полесно да ја преживеете ако дневно конзумирате барем по 100 г јогурт. Истражувањата покажале дека жените кои ја конзумирале оваа количина на јогурт имале поактивни Т ќелии (ќелии кои се борат против болести и инфекции), отколку што имале пред да почнат да конзумираат јогурт. Здравите бактерии во јогуртот му сигнализираат на имунолошкиот систем да се бори против штетните микроорганизми.

Ова е особено важно за лицата кои страдаат од алергии, бидејќи тие имаат низок број на Т ќелии. Резултатите од едно истражување покажале дека лицата кои дневно конзумирале по 200 г јогурт, поретко покажувале симптоми на алергија, од оние кои воопшто не го конзумирале.

8. Со јогурт до поубава насмевка

Јогуртот не предизвикува кариес, што е најчеста причина за пропаѓање на забите, а ова важи дури и за нискокалоричните и овошни јогурти. Дополнително, млечната киселина што се наоѓа во јогуртот исто така ги штити и непцата. Со конзумирање на барем 50г јогурт дневно, ризикот од појава на забни болести се намалува за дури 60%.